Home Blog Page 2772

Стивенсон: Ви гаранрирам, ќе има борба со Ковалев

Adonis Stivenson

Светскиот шампион во бокс во полутешка категорија на ВБЦ, Адонис Стивенсон, не уверува дека ќе направи меч против шампионот на ВБА, ВБО и ИБФ, Сергеј Ковалев.

„Борбата со Ковалев ќе има, во тоа сум сигурен. Гарантирам дека оваа борба ќе се случи порано или подоцна. Во исто време нема да потценам никого. Јас сум професионалец кој целосно е подготвен да излезе против секој противник и знам дека Вилијамс е опасен. Мојата цел е победа против следниот противник, а дури тогаш сè друго е во опција“.

Следната борба на Стивенсон е планирана за 29 јули во Канада против 28-годишниот Американец Томас Вилијамс.

Пецевски најдобар борец, Заткоски-Божиновски најдобра и најатрактивна борба на „Крал Марко опен 2“ (ФОТО/ВИДЕО)

Kral Marko Stefan i Pece 20.6.2016

Стефан Пецевски е прогласен за најдобар борец на Меѓународниот ММА турнир „Крал Марко опен“ во Прилеп овој викенд, кој се одржа по втор пат оваа година. Борбата меѓу Александар Заткоски „ММА Д Стронгест“-Скопје и Филип Божиновски „Нинџуцу Битола“ во категоријата со 66 кг е прогласена за најдобра и најатрактивна борба од страна на тренерите и судиите.

Kral Marko nokaut 20.6.2016

„Јас, како организатор, сум задоволен од настапот на сите борци и нашите натпреварувачи од „Максам фајт“ од Прилеп. Им се заблагодарувам на сите спонзори и пријатели кои го помогнаа овој турнир“, вели организаторот Пеце Ангелески.

Kral marko borba 20.6 2016

На натпреварот учествуваа клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар и Краљево – Србија или, вкупно, 32 натпреварувачи, кои имаа 13 ММА борби и 3 граплинг во воведниот дел. Претходно се одржаа две ревијални борби без натпреварувачки карактер.

Kral Marko parter 20.6.2016

ММА борбите во официјалната програма беа поделени во две групи: натпреварувачи под 18 години кои се бореа во 2 рунди по 2 минути ,со целосна заштитна опрема и над 18 години во две рунди по 3 минути. Во овој дел борците се бореа без заштитна кацига за глава.

Kral Marko borba 2 20.6 2016

„Сите борци беа добро подготвени. Можевме да видиме одлични комбинации на удари, рачни и ножни техники, добри техники на фрлања, уривања и борби во партер. Со секој ваков натпревар борците стануваат се подобри и поискусни, што е и целта на овие турнири. Натпреварот помина мирно, без проблеми во фер и пријателска атмосфера“, истакнува Ангелески, додавајќи дека турнирот официјално го отворил градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, којна борците им посакал среќа и успех во борбите.

Kral Marko pobednik so Pece

Официјални резулти „Крал Марко опен 2“:

Под 18 годни

77 кг. Иле Спасески- Рутс БЏЏ Охрид е поразен од Блажо Дардов – Нинџутсу Битола

83 кг Филип Јовановски -Максам Прилеп е поразен од Марко Станојковиќ Рутс БЏЏ Куманово

Kral Marko so pobednik vo gard

Група над 18 години

-62 кг Стефан Сталески- Максам Прилеп го победи Стефан Додевски ЏКД Аеродром Скопје

-66 кг Христијан Тасески-Максам Прилеп го победи Никола Димитриев ЏКД Аеродром

66 кг Боби Стојчевски-Нинџуцу Битола го победи Леон Михајловски –„Протектор“ Гостивар

66 кг Александар Заткоски -Д Стронгест го победи Филип Божиновски -Нинџуцу Битола

71 кг Андреј Ќосевски-Рутс БЏЏ Охрид го победи Марко Ѓоковиќ -ЏКД Аеродром

77 кг Блашко Петкоски –Протектор го победи Павел Ванкоски -Рутс БЏЏ-Охрид

-77кг Димитрија Бошкоски-Протектор го победи Игор Велески-Максам

77 кг Хајрудин Сендиќ -Самурај- Штип го победи Дејан Петрински-Рутс БЏЏ Куманово

-84 кг Александар Јакимовкси-Стронгест го победи Страхиња Миловановиќ-Лион Краљево

-83 кг Стефан Пецевски-Стронгест го победи Борче Талевски-Нинџуцу

100 кг Мартин Трајкоски-Максам го победи Драган Ѓоргиоски-Академија-Кичево

Kral marko site 20.6.2016

Ipon.mk/В.Д.

 

Бронза за џудистот Ратко Костов на „Купот на Јадранот“ во Сплит (ФОТО)

Marko Kostov Sensei Split 2016

Ратко Костов од Џудо клубот Сенсеи од Радовиш викендов учествуваше и на Меѓународен турнир „Куп на Јадранот“ во Сплит, Хрватска, и освои бронзен медал.Marko Kostov so Nade Sensei Radovis Split

„Во соработка со Миоки од Скопје нашиот натпреварувач Ратко Костов учестуваше на „Купот на Јадранот“ и на тродневниот џудо камп, каде што имаше заеднички тренинзи со најдобрите џудисти од Балканот. На натпреварот учествуваа 52 клубови од 17 држави а Ратко Костов успеа да се закити со бронзен медал“,изјави неговиот тренер Наде Најдоска Ристов.

Mioki site vo Split 2016

Ipon.mk/В.Д.

Државно првенство кик бокс: Сениорите прикажаа добри борби и во отсуство на повеќе репрезентативци (ФОТО)

Kik boks maski borba DP Negotino 2016

Државното првенство во кик бокс за сениори, јуниори и кадети донесе квалитетни борби кај сениорите во деветте борби, иако еден дел од искусните репрезентативци не учествуваа, како Димитар Ѓоргиев, Ненад Манојловски, Александар Димовски, Стефанија Тодорова, Кристина Стојчевска итн.

Kik boks devojki borba na DP Negotino 2016

Учество земаа 130 спортисти од 13 клубови од Македонија, а техничката организација беше на ,,Гладијатор ” од Неготино, кој се покажа како добар домаќин, додека собраните средства беа наменети за младото момче од Неготино, Илија Таневски кој е на лекување во Германија.

Kik boks borba mavasi DP Negotino 2016

Од друга страна, превнството го судеше само еден лиценциран меѓународен судија во ринг. Жал ни е што не можеме да ви ги понудиме комплетните резултати, односно сите носители на медали, сепак е ова Државно првенство.

Igor Dzambazov DP Negotino 2016

Фаворитите Милан Кубин, Марија Костова, Дејан Ристевски, Бобан Илиоски и Стојан Цветков ја опрвадаа улогата и понудија квалитетни борби.

Dimitar i Gordana na DP Negotino 2016

Во сениорска конкуренција прваци станаа- кик лајт:

-91кг Милан Кубин Гладијатор Скопје

 -60кг Мимоза Стаменковска Шампион Скопје

Milan Kubin i Zoran Dimov od kavadarci na DP kik lajt Negotino 2016

Лоу кик

-60кг Ана Јаковлевска Каринг Скопје

+65кг Марија Костова Адреналин Скопје

 -67кг Пепи Велков Зоран тим

-71кг Дејан Ристески Самурај Битола

-75кг Бобан Илиоски Шампион Скопје

-86кг Стојан Цветков Адреналин Скопје

-91кг Милан Кубин Гладијатор Скопје

Viktorija Varadinova pobednik DP Negotino 2016 

Кадети и јуниори

кик лајт деца

-21кг Ристе Чавков Тим Зоран Струмица

 -30кг Стефан Запров Про кик фемили Скопје

 -35кг Бранко Пандев Тим Зоран Струмица

-38кг Александар Делиевски Тим Зоран

+47кг Нермин Шабановска Зан Шин Битола

Кик лајт помлади кадети

 -32кг Анкица Јанакиевска Гладијатор Штип

 -37кг Александар Коцев Тим Зоран Струмица

-42кг Ледон Рамадани Шампион Скопје

-47кг Љупчо Бошевски Самурај Битола

+47кг Синиша Милоишевиќ Будо Кавадарци

 +47кг Милан Милоишевиќ Будо Кавадарци

-63кг Милан Гошевски Тим Зоран Струмица

+69кг Филип Мицевски Тим Зоран Струмица

Лајт контакт помлади кадети

-42кг Павел Стојчевски Ас Делчево

Поинт фајт помлади кадети

-65 кг Ивана Петковска Зан Шин Битола

Кик лајт постари кадети

– 50кг Душица Стојанова Гладијатор Неготино

-60кг Јована Арсова Гладијатор Штип

 -42кг Борјан Трајков Фајт тим Скопје

-47кг Стефан Крстев Шампион Скопје

-52кг Илија Пејковски Гладијатор Скопје

-57кг Блаже Настов Будо Кавадарци

-60кг Медин Ахмети Еико Скопје

-69кг Александар Велков Будо Кавадарци

-94кг Витанче Витанов Тим Зоран Струмица

Лајт контакт постари кадети

-65 кг Викторија Варадинова Гладијатор Штип

-70 кг Стефан Сунчевски Зан Шин Битола

Лоу кик јуниори

-63,5кг Емир Ибраими Фајт тим Скопје

-67кг Хадис Рамадани Еико Скопје

Кик лајт јуниори

-55кг Јована Арсова Гладијатор Штип

-57кг Филип Ризов Будо Кавадарци

-63кг Дарко Најдов Гладијатор Скопје

-69кг Роберт Костовски Гладијатор Неготино

-79кг Никола Павлов Будо Кавадарци

+79кг Јовица Кекеновски Фајт тим Скопје

-84кг Азрет Зекири Сен Сеи Гостивар

-89кг Денис Абдуловски Самурај Битола

+94кг Столе Јордановски Гладијатор Неготино

Ipon.mk/В.Д.

Рускиот ММА сојуз: Малдонадо не може да се жали на одлуката

fedor maldonado borba

Фабио Малдонадо веднаш по поразот во борбата со Федор Емилијаненко рече дека нема да поднесе жалба на исходот на борбата.

Рече дека е задоволен со себе и начинот на кој се бореше со легендарниот руски борец.

Па, веројатно по напуштањето на Русија, ја промени својата приказна.

„Имам голема почит кон Федор, тој е најскромниот борец кој сум го сретнал во мојот живот и среќен сум што се борев таму. Но, мислам дека победив, зарем не? Третата рунда не ја загубив. Во најлош случај, може да му ја дадете третата рунда и тогаш би било нерешено. Судиите го видоа она што никој друг не го виде. Беше подобар во втората рунда, но тоа не беше за 10-8, а првата рунда без сомнение ја добив со 10-8. Бога ми, скоро падна неколку пати. Сите знаат дека првата рунда беше најмалку 10-8, можеби и 10-7. Ме притисна до оградата, но јас бев таму, затоа што сакав да ме нападне“, рече Малдонадо.

Неговиот менаџер Стефано Сартори, испрати писмо во кое тој вели дека ќе поднесе жалба на Рускиот ММА сојуз на одлуката. Инаку, претседателот на Рускиот ММА сојуз е самиот Федор Емилијаненко.

По повод изјавата на Малдонадо и неговиот менаџер, се огласи Рускиот ММА сојуз и објави дека бразилскиот борец нема да може да поднесе жалба на исходот на борбата со Федор Емилијаненко. Во постапката за таквите случаи се бара жалбата да биде поднесена до 40 минути по завршувањето на борбата“, изјави за ТАСС заменик-претседателот на Рускиот ММА сојуз, Радмир Габдулин.

„Рускиот ММА сојуз нема добиено никаков протест во официјална форма. Според прописите, времето за поднесување жалба е 40 минути по борбата. Тимот на Малдонадо, неговиот менаџер, тренер, а и самиот спортист во потполност се согласија со одлуката на судиите на крајот на борбата“.

„Судиите го бодуваа мечот во согласност со меѓународните правила, земајќи ги во предвид бројот на ударите и прецизноста, агресивноста и обидите за напад. Одлуката на судиите е во склоп на правилата кои ги одобри Министерството за спорт на Руската Федерација и на Светската организација. Сигурен сум дека секој од судиите одговорно пристапил во проценката на борбата и одлучил самостојно и нема причина да се сомневам во нивната објективност“.

Тренинзите по бразилско џиу џицу го претвораат Хенри Кавил во Супермен (ФОТО/ВИДЕО)

Supermen

Бразилското џиу џицу добива се поголема популарност во целиот свет. Пред некое време обајвуваме со познати личности кои го практикуваат овој убав и ефективен боречки спорт. Листата на суперѕвезди постојано се зголемува и овој јавен тренд продолжи и во иднина.

Последната холивудска ѕвезда која влегла во доџо за бразилско џиу џицу не којбило, туку Супермен.

Supermen 2

Хенри Кавил е 33-годишен британски актер кој ја игра во улогата на Кларк Кент во филмот „Човек од челик“. Учествува и во хит продукцијата на Шоутајм – „Династијата на Тудорите“. Во првата улога го глумеше Алберт Мондего во филмската адаптација од 2002 година на „Гроф Монте Кристо“. За време на премиерата на филмот „Warcraft“ во Лондон, нашол време да тренира со еден од најистакнатите натпреварувачи и професори во спортот – десеткратниот светски шампион Рожер Грејси.

Screenshot 2016-06-20 17.53.34

Тренинзите по бразилско џиу џицу биле дел од неговата интензивна подготовка, направени за Хенри Кавил да го постигне физикусот во она што кино манијаците го очекуваат од Супермен.

Rozer Grejsi i supermen

Бошко Стаменковски по светски стана и европски шампион, наредна цел е СП во Србија, но…! (ФОТО/ВИДЕО)

Bosko Stamenkovski pauer lifting

Светскиот шампион во „пауерлифтинг“, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, стана и европски првак пред некој ден на Европското првенство во Финска, подигнувајќи тежина од 130 килограми во категоријата М2-75.

Сепак, има едно ама, не од натпреварувачки аспект, туку од финансиски. Таа е потешка борба од онаа со тежините, затоа бара да има разбирање за овој спорт, но и респект кон неговите резултати, кои се импресивни.

Bosko stamenkovski stoi

Бошко Стаменковски лани во Лас Вегас освои златен медал во категоријата „бенч прес“ до 75кг М1 и стана првиот Македонец кој постигнал ваков успех во оваа дисциплина.

Тој е балкански рекордер, а има злато и од Европско првенство. Секако, тој сака да продолжи со успесите на големите шампионати, по успехот на ЕП во Финска.

Bosko Stamenkovski so plavusa

Тој постојано истакнува дека не добил помош од институциите за настап на Европското првенство во Финска, но тоа не го обесхрабрува. Стаменковски преку социјалните мрежи сега бара спознорства и донации за Светското првенство во Србија.

„Се подготвувам за 20 септември на Светското првенство во Књажевац, Србија, да соборам светски рекорд категоријата до 67,5 килограми“, изјави Стаменковски.

Ipon.mk/В.Д.

Петра Матијашевиќ на прием во АСМ: Ќе освојам и златен медал за Македонија!

Petra vo ASM stojat 20.6.2014

Носителот на бронзениот медал од Европското првенство во таеквондо во Монтре, Швјацарија, репрезентативката Петра Матијашевиќ имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Матијашевиќ го освои првиот медал за Македонија на европските првенства, а со тоа се запишавме во листата на освојувачи на медали од големите меѓународни натпревари.

Директорот Спасески ѝ го честита освојувањето на бронзениот медал на Матијашевиќ, истакнувајќи дека успешноста на македонското таеквондо е подигната на повисоко ниво со запишувањето во листата на земји кои освоиле европски сениорски медал.

Petra vo ASM 20.6.2014
Спасески осврнувајќи се на успесите на македонското таеквондо, додаде дека Матијашевиќ која неполна година настапува за Македонија, веќе ги донесе првите резултати за нашата земја.

– Петра Матијашевиќ, која скоро неполна година настапува за Македонија, веќе ги донесе првите резултати за Македонија и верувам дека ќе придонесе многу во развојот и промоцијата на таеквондото во нашата земја. Таа е со сигурност во европскиот и светскиот врв и е вистинска штета што не доби покана за настап на Олимписките Игри во Рио. Резултатите на Петра, но и на останатите наши натпреварувачи, кои во изминатиот период освоија медали на меѓународните турнири, покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци – истакна Спасески и потенцираше дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија каде годинава за меѓународната програма и за стручната работа на тренерите беа доделени вкупно 750.000 денари, а дополнително, за реализација на проектот „Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 40.000 денари – заврши директорот на Агенцијата за млади и спорт, Спасески.

Петра Матијашевиќ се заблагодари за приемот од страна на Директорот Спасески и истакна дека ѝ претставува чест што настапува за Република Македонија и додаде дека во иднина ќе даде сè од себе да донесе златен медал од наредните европски и светски првенства во таеквондо.

Ipon.mk/В.Д.

Вондербој го победи Рори Мек Доналд (ВИДЕО)

stephen thompson rory-zuffa

Стивен Томпсон (13-1, 8-1 УФЦ) го победи Рори Мек Доналд (18-4, 8-4 УФЦ) на готсински терен во Канада и стана следниот предизвикувач за титулата во велтер категорија.

33-годишниот „Wonderboy“ во Отава славеше со едногласна одлука по пет рунди и стигна до седмата последователна победа. На Мек Доналд ова му беше последната борба под договор со УФЦ и за прв пат во кариера доживеа два последователни порази.

Томпсон го чека победникот за средбата за титулата во велтер категорија меѓу Роби Лоулер и Тајрон Вудли, кој ќе се одржи на УФЦ 201.

https://youtu.be/mDBAP7frJm4

Доналд Кероне (30-7, 17-4 УФЦ) со технички нокаут во третата рунда го победи Патрик Коте (23-10, 10-10 УФЦ) и му го нанесе првиот пораз со нокаут во кариерата. Со 17-тата победа во окатгонот Кероне се изедначува со Демијан Маија и се на четвртото место во бројот на победи во историјата На УФЦ. Пред него се ГСП и Мајкл Биспинг со 19 и Мет Хјуз со 18.

Стив Босе (12-2, 2-1 УФЦ) беше на работ на нокаут во првата рунда, но успеа да дојде до победа со едногласна одлука против Шон О’Конел (17-8, 2-4 УФЦ).

Миша Циркунов (12-2, 3-0 УФЦ) ја забележа и третата победа во УФЦ, поразувајќи со рачен триаголник во 3 рунда дебитантот од Молдавија Јон Кутелабу (11-2, 1 НЦ).

https://youtu.be/fWzfn1VSTXY

https://youtu.be/5O65WzBRL7U

UFC Fight Night 89:

Stephen Thompson – Rory MacDonald (ednoglasna sudiska odluka; 50-45, 50-45, 48-47)
Donald Cerrone – Patrick Cote (TKO, R3)
Steve Bosse – Sean O’Connell (ednoglasna sudiska odluka;29-28, 29-28, 29-27)
Olivier Aubin-Mercier – Thibault Gouti (submission, rear-naked choke, R3)
Joanne Calderwood – Valerie Letourneau (TKO, R3)


Jason Saggo – Leandro Silva (podlena odluka na sudiite; 29-28, 28-29, 29-28)
Misha Cirkunov – Ion Cutelaba (submission, arm-triangle choke, R3)
Krzysztof Jotko – Tamdan McCrory (KO, R1)
Joe Soto – Chris Beal (submission, rear-naked choke, R3)
Elias Theodorou – Sam Alvey (ednoglasna sudiska odluka;29-28, 30-27, 30-27)
Randa Markos – Jocelyn Jones-Lybarger (ednoglasna sudiska odluka;30-27, 29-28, 29-28)
Colby Covington – Jonathan Meunier (submission, rear-naked choke, R3)
Ali Bagautinov – Geane Herrera (ednoglasna sudiska odluka; 30-27, 30-27, 30-27)

Тимот на Малдонадо вложи жалба на резултатот со Федор Емилијаненко

Fabio Maldonado Fedor lice v lice

Фабио Малдонадо не беше далеку да ја заврши легендата Федор Емилијаненко за време на ЕФН 50 во Санкт Петербург во петокот, пред судиите да досудат победа за Русинот на поени. Одлука која предизвика многу дискусии.

Еден од судиите досуди нерешено (28-28), додека другите двајца му дадоа минимална предност на „Последниот император“ – 29-28, а првата рунда ја бодувале само 10-9 за Бразилецот. И покрај фактот дека Малдонадо за малку не го нокаутира противникот.

Менаџерот на Бразилецот, Стефано Сартори, се огласи со официјално соопштение со кое потврдува дека од шатбот на Малдонадо ќе бара ревизија на резултатот до ММА Советот на Русија, кој ги назначи судиите за средбата.

„Многу сме задоволни од претставувањето на Фабио. Во кафезот тој направи се што мораше да направи. Една од нашите главни цели беше да покажеме пред светот каков борец е тој и што може да покаже кога е сто проценти фокусиран. Мислам дека успеавме да го направиме тоа. Сепак, чувствуваме дека отидовме таму на победа, а судиите ни ја одзедоа. Промоторот не се согласува со резултатот од мечот, истото важи и за повеќето борци, кои беа таму. Првата рунда видливо беше 10-8 за нас. Во втората Федор го постигна оспоруваниот резултат од 10-9, додека третата рунда беше многу спорна, но, сепак, сметаме дека Малдонадо постигна подобри удари. Натпреварот беше барем нерешен, затоа официјално ќе поднесеме жалба до рускиот ММА Совет, барајќи ревизија на резултатот“.

IPON