Рускиот ММА сојуз: Малдонадо не може да се жали на одлуката

fedor maldonado borba

Фабио Малдонадо веднаш по поразот во борбата со Федор Емилијаненко рече дека нема да поднесе жалба на исходот на борбата.

Рече дека е задоволен со себе и начинот на кој се бореше со легендарниот руски борец.

Па, веројатно по напуштањето на Русија, ја промени својата приказна.

„Имам голема почит кон Федор, тој е најскромниот борец кој сум го сретнал во мојот живот и среќен сум што се борев таму. Но, мислам дека победив, зарем не? Третата рунда не ја загубив. Во најлош случај, може да му ја дадете третата рунда и тогаш би било нерешено. Судиите го видоа она што никој друг не го виде. Беше подобар во втората рунда, но тоа не беше за 10-8, а првата рунда без сомнение ја добив со 10-8. Бога ми, скоро падна неколку пати. Сите знаат дека првата рунда беше најмалку 10-8, можеби и 10-7. Ме притисна до оградата, но јас бев таму, затоа што сакав да ме нападне“, рече Малдонадо.

Неговиот менаџер Стефано Сартори, испрати писмо во кое тој вели дека ќе поднесе жалба на Рускиот ММА сојуз на одлуката. Инаку, претседателот на Рускиот ММА сојуз е самиот Федор Емилијаненко.

По повод изјавата на Малдонадо и неговиот менаџер, се огласи Рускиот ММА сојуз и објави дека бразилскиот борец нема да може да поднесе жалба на исходот на борбата со Федор Емилијаненко. Во постапката за таквите случаи се бара жалбата да биде поднесена до 40 минути по завршувањето на борбата“, изјави за ТАСС заменик-претседателот на Рускиот ММА сојуз, Радмир Габдулин.

„Рускиот ММА сојуз нема добиено никаков протест во официјална форма. Според прописите, времето за поднесување жалба е 40 минути по борбата. Тимот на Малдонадо, неговиот менаџер, тренер, а и самиот спортист во потполност се согласија со одлуката на судиите на крајот на борбата“.

„Судиите го бодуваа мечот во согласност со меѓународните правила, земајќи ги во предвид бројот на ударите и прецизноста, агресивноста и обидите за напад. Одлуката на судиите е во склоп на правилата кои ги одобри Министерството за спорт на Руската Федерација и на Светската организација. Сигурен сум дека секој од судиите одговорно пристапил во проценката на борбата и одлучил самостојно и нема причина да се сомневам во нивната објективност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО