АктуелноБоксПрофесионален
Трилогија со Бетербиев? Има датум и место за следната борба на Бивол

Светскиот шампион во бокс во полутешка категорија (79,4 кг) Дмитри Бивол ќе ја одржи следната борба во декември, според Герман Титов, извршен директор на РЦЦ бокс.
„Моментално сме во преговори со Мечрум за иднината на Бивол. Ќе се разговара и за трилогија со Артур Бетербиев. Ве молам бидете трпеливи, сè ќе стане познато наскоро. Засега, можам да го кажам следново: моментално имаме датум и место – 12 декември, Екатеринбург, УММЦ арена. Преговорите се во тек и постојат неколку опции за противникот на Дмитри Бивол“, изјави Титов, цитиран од ТВ Меч.
Во последната борба, која се одржа во мај, Бивол победи со едногласна одлука над Германецот Михаел Ајферт.



