Home Blog Page 2773

По две злата за Варадинова и Арсова и едно за Ѓошев на ДП во кик бокс во Неготино (ФОТО/ВИДЕО)

Viktorija Varadinova pobednik DP Negotino 2016

На Државното изборно првенство за јуниори и кадети кое се одржа во Неготино, Кик бокс клубот Гладијатор од Штип освои 5 златни медали и 2 сребрени.Gladijator Stip na DP Negotino 2016

Јована Арсова и Викторија Варадинова освоија по два златни медали во дисциплините лајт контакт и кик лајт, а. Јован Ѓошев е прв во кик лајт. Акан Адемов и Баже Главев освоија сребрени медали во кик лајт.

ВО КБК Гладијатор се задоволни од постигнатиот резултат и очекуваат добри резултати и на меѓународните првенста.

Ipon.mk/В.Д.

9 медали за Будо од Кавадарци на Државното првенство во кик бокс за јуниори и кадети (ФОТО)

Budo kavadrci site na DP Negotino 2016

Кикбоксерите на Будо од Кавадарци на Државното првенство во Неготино во jуниорска и кадетска конкуренција освоија 7 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал.

Budo Kavdarci medalisti DP Negotino 2016

Кадети: Анкица Јанакиева (-32кг), Синиша Милошевиќ (-45кг) и Милан Милошевиќ (-49кг) освоија златни медали во кик лајт.

Постари кадети: Александар Велков (-65кг) и Блаже Настов (-57кг) златни медали во кик лајт, Александар Захарчев (-57кг) сребрен, бидејќи беше дел од клупското финале.

Јуниори: Милица Јованова (-55кг) бронзен, а Филип Ризов (-55кг) и Никола Павлов (-84кг) освоија златни медали во кик лајт.

Ова е добар успех на кавадаречкиот клуб.

Milan Kubin i Zoran Dimov od kavadarci na DP kik lajt Negotino 2016

Вчера во сениорска конкуренција освоија еден сребрен и еден бронзен медал. Зоран Димов во кик лајт до +93 кг се зкаити со сребрениот медал, а Илија Камчев (-71 кг) во лоу кик со бронзен.

Budo seniori na DP Negotino 2016

Ipon.mk/В.Д.

Стефан Пецевски најдобар борец на „Крал Марко опен“ (ФОТО/ВИДЕО)

Setfan Pecevski najdobar borec na Karl Marko open 2016 juni

Стефан Пецевски од ММА тимот „Стронгест“ од Скопје е прогласен за најдобар борец на ММА турнирот „Крал Марко опен“ во Прилеп.

Strongest na kral marko open 2016

Стефан Пецевски извојува победа со зафат уште во првата борба. Пецевски тотално доминираше над својот противник кој по првата минута беше принуден да ја предаде борбата. Пецевски го затвори во исто време со „триаголнник“ и „армбар“, а противникот немаше друг избор, освен да ја предаде борбата.

Александар Јакимовски го имаше своето деби и по изведување на еден успешен „хај кик“ и соборувањето на својот противник изведе зафат на ногата, по кој противникот ја преде борбата.

Александар Заткоски се бореше со 7 килограми потежок противник, при што на поени беше убедливо подобар. Заткоски доминираше на подот и имаше неколку чисти рачни удари од кои два беа со нокдаун.

Ipon.mk/В.Д.

Сребро за Кирил Иванов од Осенсеи на „Видовдан опен 2016“, бронза за Данил Никуљски

Osensei na Vidovdan open 2016

На Меѓународниот турнир џиу џицу турнир „Видовдан опен 2016“ во Бања Лука натпреварувачите на Осенсеи од Штип освоија еден сребрен и еден бронзен медал.

Сениорот Кирил Иванов во категоријата до 77 килограми го освои сребрениот медал, а најмалдиот Данил Никољски до 34 килограми за полтераци се избори за бронза.

На турнирот учествуваа околу 300 натпреварувачи од 7 држави.

Ipon.mk/В.Д.

Кристијан Воденски освои уште две титули во БЏЏ во Германија

Vodenski sampion bo ibjjf 2016

Кристијан Воденски и денеска ја потврди доминатната позиција во боречите вештини во Греманија освојувајќи две први места.

На Западногерманското првенство во бразилско џиу џицу во „но ги“ во категоријата до 31, 8 килограми и во „ги“ до 33, 3 кг без проблем ги освои златните медали.

Vodenski so dvata pehara od no gi i gi 2016

Неговиот тренер и татко, Ване Воденски, поставува нови предизвици пред талентираниот Кристијан, кој ги има совоено сите турнири на WFMC, NAGA, IBJJF, но речиси и да нема достоен противник. Следната недела треба да се бори на Германскиот отворен шампионат во кикбокс, каде што е шампион, а во јули ќе настапи голем турнир во борење. Како што вели тој „во целиот свет, постојат можеби 2 или 3 деца кои се толку талентирани“, па затоа во декември сакат да одат на ММА турнир за деца во Русија, но претходно треба да ја средат потребната документција, бидејќи престојот во Руската Федерација би бил нелегален.

Ipon.mk/В.Д.

Милан Кубин си подари две титули за роденденот (ФОТО)

Milan Kubin na ring na DP vo Negotino 2016

Милан Кубин од Кик бокс клубот Гладијатор од Скопје си го честиташе роденденот на најубав начин – стана двократен шампион на Македонија во сениорска конкуренција.

Milan Kubin i Zoran Dimov od kavadarci na DP kik lajt Negotino 2016

Тој на Државното првенство во Неготино, вчера и денеска, стана шампион во лоу кик до 91 килограм и во кик лајт до 89 килограми. Во кик лајт беше подобар од Зоран Димов од Будо од Кавадарци, а во лоу кик од Игор Лазаревски – Чак.

Milan Kubin i Dragan Atanasovski na DP vo Negotino 2016

Со овие две титули Кубин навести дека годинава може да очекуваме медали и од големите натпреварувња. Мината година го освои првото место на еден од најпристижните кик бокс турнир на Светскиот куп „Бест фајтер“ во Римини, Италија. Пред него ова му појде од рака на Дарко Чатлески. А на Балканскоото првенство беше втор.

Годинава Милан освои бронзен медал на Европскиот куп во Карловац-Хрватска.

Ipon.mk/В.Д.

4 од 4 за Дан кју на „Видовдан опен 2016“ во Бања Лука (ФОТО)

Dan kju na Banja Luka 2016

Џиу џица клубот Дан-кју на Меѓународниот турнир „Видовдан опен 2016“ во Бања Лука освои четири медали со четири натпреварувачи.

David Damovski i Ace Dziu Dzicu Banja Luka 2016
Давид Дамовски и Анжела Трајковска освоија златни медали, а Зоран Колевски и Јаким Колевски бронзени.
На турнирот учествуваа околу 300 натпреварувачи од 7 држави. Anzela Dan kju Banja luka 2016

Дефинитивно мора да се истакнат борбите на Давид Дамовски во категоријата пионери + 50 кг. Во конкуренција од 6 натпреварувачи Давид постави еден рекорд во клубот, што останатите ќе мора да го следат, а тоа е четири победи по ред за златен медал. Најинтересното е тоа што во финалето го победува борецот од клубот домаќин за 40 секунди со фул ипон. На некое поголемо натпреварување, каде што би имало и преку 10 натпреварувачи, по систем на елиминации со четири победи сигурно би освоил еден од првите два медала“, вели неговиот тренер Александар Ацевски..

Ipon.mk/В.Д.

Три злата за Хамза Јашари на „Купот на Јадранот“, ЏФМ да се изјасни дали ќе патува ЕП во Финска

Hamza Jasari split 2016 prv

Хамза Јашари вчера имаше блескав настап на „Купот на Јадранот“ во Сплит, Хрватска. Џудистот на Миоки од Скопје освои три злата во три возрасни категории: млади кадети У-16 до 69 килограми, кадети У-18 (60 кг) и сениори (60 кг).

Mioki site vo Split 2016

Инаку, ЏК Миоки освои 14 медали, од кои 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени и во севкупниот пласман е петти.

Миоки го освои 5 место од 52 клубови во севкупен пласман за што бесе доделен пехар за успешен настап. Хамза Јашари доминираше во сите старосни групи и освои 3 златни медалиозволено е помладите да настапат во повисоки возрасни групи). На потег е Џудо федерацијата на Македонија, да се изјасни дали Хамза Јашари, како најуспешен кадет ќе учествува на Европското првенство во Финска, што треба да се одржи за неполни 2 недели, вели тренерот на Миоки, Игор Пасксоски.

Ipon.mk/В.Д.

14 медали за ЏК Миоки на „Купот на Јадранот“ во Сплит (ФОТО)

Mioki site vo Split 2016

На „Купот на Јадранот“ во Сплит, Хрватска, Џудо клубот „Миоки“ освои 14 медали, од кои 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени. Во вкупниот пласман Миоки е петти, зашто доби и пехар.

Mioki prva na Jadran kup vo Split 2016

Медали за Миоки освоија во -У16 млади кадети: Хамза Јашари (69 кг) златен медал, Наталија Динова (52 кг) и Еди Шерифовски (73 кг) сребрни.

Mioki vtora Split 2016

У18 кадети: Хамза Јашари (60 кг) златен медал, Наталија Динова (52 кг) и Еди Шерифовски (73 кг) сребрни, Никола Мајновски (60 кг) и Ратко Костовски (73 кг) бронзи.

Mioki medlaistka Split 2016

Сениори: 52 Кристина Јазаџиќ сребрен медал, 52 Наталија Динова бронзен, 57 Берна Схерифовска златен, 63 Магдалена Бојаџиска сребрен, 70 Ангела Велковска сребрен, 60 Хамза Јашари златен. Артан Рушити (73 кг) го освои 5 место.

Mioki pehar za 5 mesto Split 2016

На турнирот учествуваа 52 клубови од 17 држави.

Ipon.mk/В.Д:

Џо Смит го шокираше Анджеј Фонфара во првата рунда (ВИДЕО)

joe smith

Џо Смит Јуниор (22-1, 18 КО) приреди големо изненадување на Премиер боксинг чемпионс во Чикаго.

26-годишниот боксер од Њујорк во првата рунда го нокаутираше Полјакот кој живеат во Чикаго, Анджеј Фонфара (28-4, 16 КО) и го освои меѓународниот појас на ВБЦ.

Смит  го собори Фонфара со десно кроше по две минути од борбата. 28-годишниот Полјак едвај успеа да одговори на броењето, а потоа Американецот го заврши со серија на удари и го подготви едено од најголемите изненадувања на годината.

По поразот на Адонис Стивенсон во мечот за ВБЦ појасот во полутешка категорија, Фонфара ги победи Јулиј Цезар Чавез Јуниор и Натан Клеверли.

Трократниот американски олимпиец Рау’ши Ворен (14-1, 4 КО) во реваншот мнозинска одлука на суииите го победи Доминиканцот Хуан Карлос Payan (17-1, 8 КО), кој му го нанесе единствениот пораз во неговата професионална кариера и ги освои ВБА и ИБО светските титули во бантам.

https://youtu.be/XWyDB14egJ0

https://youtu.be/mXaGA10o9no

IPON