Три злата за Хамза Јашари на „Купот на Јадранот“, ЏФМ да се изјасни дали ќе патува ЕП во Финска

Hamza Jasari split 2016 prv

Хамза Јашари вчера имаше блескав настап на „Купот на Јадранот“ во Сплит, Хрватска. Џудистот на Миоки од Скопје освои три злата во три возрасни категории: млади кадети У-16 до 69 килограми, кадети У-18 (60 кг) и сениори (60 кг).

Mioki site vo Split 2016

Инаку, ЏК Миоки освои 14 медали, од кои 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени и во севкупниот пласман е петти.

Миоки го освои 5 место од 52 клубови во севкупен пласман за што бесе доделен пехар за успешен настап. Хамза Јашари доминираше во сите старосни групи и освои 3 златни медалиозволено е помладите да настапат во повисоки возрасни групи). На потег е Џудо федерацијата на Македонија, да се изјасни дали Хамза Јашари, како најуспешен кадет ќе учествува на Европското првенство во Финска, што треба да се одржи за неполни 2 недели, вели тренерот на Миоки, Игор Пасксоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО