АктуелноБоксПрофесионален

Фјури тврди дека нема да добие ни денар од борбата со Вах, открива кому оди целиот профит

По само три месеци пауза, овој петок Тајсон Фјури се враќа на рингот. Британскиот тешкаш се враќа на рингот на 24 јули во Тајланд во загревачки меч против Мариуш Вах.

„Ромскиот крал“ треба да се соочи со сонародникот и долгогодишен ривал Ентони Џошуа пред крајот на годината, но таа борба сè уште не е официјално потврдена.

Еден ден подоцна Џошуа ќе се бори со Кристијан Пренга.

Фјури овој пат не сакаше да закаже борба на домашен терен или во Саудиска Арабија, туку сакаше да остане блиску до својот тренинг камп во Југоисточна Азија.

Поранешниот шампион на ВБЦ, во разговор за „Голд стар промоушнс“, уште еднаш нагласи дека нема да добие ниту денар за појавувањето, а сите приходи ќе бидат донирани на локални добротворни организации.

„ Достапни беа само 1.500 билети. Тие се распродадоа за три минути, а ние собравме 250.000 долари за тие деца“, рече Тајсон Фјури, додавајќи:

„Сто проценти, ова е можност да вратиме нешто. Сакам да правам работи што досега немав можност да ги направам. Како некој може да го нарече тоа само грабање пари кога нема да бидам платен?

Победа против ветеранот Вах би го запечатила делот од договорот за долгоочекуваната супер борба против Џошуа. И, ако Еј-Џеј го победи Пренга, тогаш е многу веројатно дека многу наскоро ќе го дознаеме датумот и локацијата на нивната голема борба.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON