Home Blog Page 2771

Тошески и Трајкоски од Сеишин ќе настапат на Балканското првенство

Seisin Struga open 2016 vo stroj

Членовите Џудо клубот Сеишин од Прилеп, Кристијан Тошески -66 кг и Орде Трајкоски -73 кг ќе настапат на Балканското првенство за пионери во Скопје од 24 до 26 јуни.

Првакот на Македонија Јован Најдоски +73 кг поради обновување на повредата нема да настапи за репрезентацијата на овој шампионат.

 На 26 јуни пак дел од јуниорите и сениорите од Сеишин ќе земат учество на Европскиот куп во џудо во Солун, што е во организација на ЏК Ираклис.

Ipon.mk

Мек Грегор тренира со светски шампион во џиу џицу (ВИДЕО)

Mek Gregor klece

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, продолжува да се подготвува за мечот со Нејт Дијаз.

За остварување на целта Ирецот тренира со мајсторот по џиу-џицу, Дилон Денис, кој се обидува да му помогне да ги насочи своите вештини во оваа насока.

Пред медиумите Дилон Денис призна дека Мек Грегор му е еден од идолите во боречките спортови.

„Одржуваме контакт од пред некое време. Тој е еден од моите идоли, кои не ги пропуштаат сличните шанси. Тој има еден од најдобрите умови и вештини за сите времиња во овој спорт“.

Видете го видеото од заедничките вежби на Конор Мек Грегор и Дилон Денис:

https://youtu.be/ptlWxChUAL0

Продолжена најава за УФЦ 200 (ВИДЕО)

ufc200plakatsasvima

На 9 јули во Лас Вегас ќе се одржи УФЦ 200.

Многу силен настан во мечот за обединување на титулата во полутешка категорија ја предводат Даниел Кормиер и Џон Џонс. Миша Тејт ја брани титулата во бантам против Бразилката Аманда Нуњеш, Хозе Алдо се бори против Френки Едгар за привремената титула во перолесна категорија, а Брок Леснар враќа против Марк Хант.

Каин Веласкез ќе ги одмери силите со Тревис Браун.

UFC 200:

Jon Jones vs. Daniel Cormier
Jose Aldo vs. Frankie Edgar
Miesha Tate vs. Amanda Nunes
Brock Lesnar vs. Mark Hunt
Travis Browne vs. Cain Velasquez
T.J. Dillashaw vs. Raphael Assuncao

Kelvin Gastelum vs. Johny Hendricks
Takanori Gomi vs. Jim Miller
Sage Northcutt vs. Enrique Marin
Julianna Pena vs. Cat Zingano
Thiago Santos vs. Gegard Mousasi

https://youtu.be/T-8DaEhjhsU

Вајлдер: Поветкин ми ја украде шансата да докажам дека сум најдобар

diontej-wilder-stiverne

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, се уште не може да се ослободи од проблемите со допинг скандалот на неговиот поранешен противник, Александар Поветкин.

Тие требаше да се борат на 21 мај во Москва, но Поветкин беше позитивен на допинг тестот.

„Бев многу разочаран. Се подготвув повеќе од кога и да е. Бев подготвен да го демонстрирам најдоброто од себе. Сакав на сите да и покажам за што сум способен, но Поветкин ме лиши од она да го остварам својот сон“.

Ситуацијата со позитивниот допинг тест продолжува да се истражува, какво ќе е конечното решение ќе биде соопштено на крајот на месецот.

Дејвид Прајс е готов за меч со Ентони Џошуа

Dejvid Prajs

Дејвид Прајс е подготвен да го предизвика шампионот на Меѓународната боксерска федерација, Ентони Џошуа, кој в сабота ќе ја брани својата круна против Доминик Бризил.

Британецот се обидува да се врати, откако забележа три порази во натпреварите против ривали кои користеле допинг. Тој веќе ја зазема 12 позиција во ранглистата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ). Тоа значи дека тој може да се бори за светската титула, ако Џошуа го избере за доброволна одбрана.

„Има оперделено место за човек како мене, кој може да ги нокаутира противниците и со двете раце. Мечот со Џошуа може да се случи уште оваа година. Не гледам друг боксер во Топ 15 кој може да го победи. Веројатно Ентони ќе се загледа во мене поради моите порази и ќе си помисли дека тоа е лесен натпревар“.

https://youtu.be/VOk4r0aekrk

Промоторот на Џошуа: Допингот треба да се казнува со доживотна санкција

Entoni Dzosua

Промоторот на Ентони Џошуа – Еди Хорн, на многу интересен начин возврати на гласините за неговиот боксер и користењето на допинг средства. Многу од противниците на светскиот шампион во тешка категорија изразија сомнежи во неговата исклучителна физика и убиството моќ на рингот.

Во одговор Хорн откри дека Џошуа бил тестиран два пати пред неговиот следен натпревар со Доминик Бризил (САД). Дуелот е во сабота.

„Тестовите по самиот натпревар се апсолутна губење на време. Ние се уште го правиме, како што се прави секаде во светот. Измамите веќе се толку напредни, така што единствениот начин да ги запреш е со воннатпреварувачка контрола за време на камповите на сите боксери. Боксот е многу опасен спорт. Искористувањето на допингот може да нанесе уште поголема повреда на противникот. За мене, употребата на забранети супстанции треба да се гледа како криминална манифестација и да биде казнета со доживотна забрана“.

https://youtu.be/fCGdsgV3zVU

Спартак живна на показниот тренинг со Љубиша Пешко (ФОТО

Pesko pokazuva Spartak juni 2016

Денеска во салата на БК Спартак беше раздвижено и се почувтствува духот на деновите кога салата беше полна и кога се разговараше дали ќе се освои титулата и колку борачи ќе бидат шампиони на Македонија. Поранешниот борач и тренер Спартак одржа тренинг, Љубиша Пешко, со борачи од Вардар, како и поранешниот тренер и борач на клубот Насе Насев.

Pesko demonstrira Spartak 2 juni 2016

Тука е Иван Викиќ кој се подготвува за ММА натпревар во Сплит, Хрватска, во сабота, инаку член на Спартак. Најмногу придобивки од денешниот показен тренинг имаа најмладите, пред се големата надеж на кочанското борење Столе Ефтимов, како и Стефан Пешко.

Pesko boraci Spartak juni 2016

Секако, ова беше голема можност и за тренерот и борач Александар Павлев да научи напредни зафати кои се применуваат на свестката сцена, како и за борачите Ане Кировски, Стојанчо Стојчев и другите.

pesko vo spartak juni 2016

Можеби ова се сигнали за постепено враќање на кочанското борење на старите патеки.

Pesko zafat Spartak juni 2016

Pesko boraci Spartak juni 2016

Ipon.mk/В.Д.

По ВБЦ и ИБФ забрани учество на професионалците на Олимписките игри во Рио

Entoni Dzosua

По ВБЦ и ИБФ се огласи дека ќе ги санкционира боксерите што ќе учествуваат на Олимпиксите игри во Рио, односно дека ќе ги загубат титулите на оваа организација.

Пред отприлика две недели ВБЦ и се закани на своите боксери со двегодишна забрана за борби во која и да е зона на Организацијата, ако земеат учество на Олимпијадата во Рио. Меѓународната организација е цврсто против тоа професионалните боксери да се натпреваруваат за медал на Игрите во Бразил. Причината е опасноста од сериозни повреди кои можат да се добијат, но до профитот.

„Да спротиствиш аматер и профеисоналец е како да се сретнат маратонец и спринтер на 100 метри. И двајцата се тркачи, но се натпреваруваат во различен спорт и дисциплина. Во кошарката, тенисот или фудбалот има слично ривалство. Разликата со боксот е дека кај нас нема голови, кошеви или поени. Боксот не е игра. Тоа е боречка вештина и ако нивото на ривалство не е подеднакво, може да биде многу опасно“, се вели во дел од материјалот објавен на страницата на ВБЦ.

Genadi Golovkin - rosondo

Организацијата му се заканува на секој боксер, кој е носител на нејзин појас или е во ранг листата на Топ 15 за одредена категорија, со две години прекин на право за учество 6 турнири и галавечер под нејзина капа.

Од ИБФ велат дека постои ризик за безбедност професионалците да боксираат со аматерите. Оние професионалци кои немаат титули во ИБФ, а ќе се натпреваруваат во Рио ќе им биде одземен ранкингот на една година.

Инаку, на професионалните боксери за прв пат во историјата и се овозможи да настапат на ОИ во Рио, откако Интернационалната боксерска асоцијација го одобри правилото минатиот месец.

„Сметаме дека ИБФ треба да се спротивстави на оваа одлука поради безбедноста, бидејќи овој спорт треба да промовира здравје кај боксерите“, изјави претседателот на ИБФ, Дерил Пиплс.

Ентони Џошуа, Џејмс Дегејл, Кел Брук и Генади Головкин се соптсвениците на титулите во ИБФ, но, најверојатно, никој од нив нема да настап во Рио.

 

Пеливаните освоија пет медали на силниот турнир во Косово (ФОТО)

Pelivani Danov Kosovo 2016

Пеливаните се покажаа во одлично светло на во неделата на силниот Меѓународен турнир во традиционално пеливанско борење во Косово.

Pelivani Kosovo 2016

Дејан Митров, А.Арсов, Орхан Ибрахими, Самир Ибраими и Рамазан Бакија покажаа дека се нашите најдобрите пеливани, освојувајќи пет медали.

Dejan Mitrov pelivan Kosovo 2016

„Голема борба се водеше меѓу двајца наши познати тешкаши, Бобан Данов и Мухамед Вејсели, кои беа и доста атрактивни за публиката. Исто така и нашиот најдобар баш пеливан, Рамазан Бакија, се покажа дека е во добра форма“, изјави Хамид Бакија од Пеливанската федерација на Македонија.

Boban danov pelivan Kosvo 2016

Pelivani Kosovo site 2016

Ipon.mk/В.Д.

 

РДА: Мек Грегор е лесен противник

Rafael dos Anjos merenje muskuli

Оригиналниот план за УФЦ 196 беше Конор Мек Грегор да се сретне со Рафаел дош Ањош за титулата на УФЦ во лесна категорија, но тогаш Дош Ањош се повреди, а „The Notorious“ си „среди“ меч со Нејт Дијаз. Кој подоцна му го нанесе првиот пораз во УФЦ до овој момент.

Сега Ирецот тренира за реваншот со Дијаз, но Рафаел дош Ањош не крие дека се уште е заинтересиран за евентуален меч против него.

„Ако тој се соочи со мене, крајот ќе дојде дури и порано. Навистина ќе го повредам овој човек. Ако овој натпревар се случи, јас ќе бидам на линија. Ако од УФЦ сметаат дека тој заслужува шанса за титулата во лесна категорија, ќе му излезам во пресрет. Парите доаѓаат и си одат. А тоа ќе бидат лесни пари за мене“.

IPON