Home Blog Page 2770

Вајлдер: Џошуа-Бризил е 50-50

Dzosua Brizil

Шампионот на Светскиот боксерски совет во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (САД) го прогнозираше за букмејкерите мечот меѓу Ентони Џошуа (Анг) и Доминик Бризил (САД) на прав и пепел.

Обложувачките куќи му даваат шанси за успех на Американецот со коефициент 41. Средбата е во саботата, а домаќин е салата „О2“ во Лондон.

„Дефинитивно гледам дека овој меч е 50-50. Имаме двајца големи боксери во тешка категорија. Предизвикувачот го сака она што го има шампионот. Ќе биде интересно, бидејќи сум го гледал Бризил како учествува во многу битки“, рече Вајлдер.

https://youtu.be/x9JYwFjU8-k

УФЦ закажа прес-конференција на Мек Грегор и Нејт Дијаз на 7 јули

Mek gregor RDA

Ова лето дефинитивно изгледа како едно од највозбудливите во историјата на УФЦ.

Прво ќе можеме да уживаме во УФЦ Фајт најт: РДА-Алварез, а потоа и на одбраната на титулата на Јоана Језерчик против Клаудија Гадела на Ултимејт фајтер 23 сизн фајнл.

На 9 јули доаѓа време и за настанот со голема буква – УФЦ 200, на кој ќе видиме еден куп прекрасни судири и борци од калибар на Џон Џонс, Даниел Кормиер, Брок Леснар, Марк Хант, Миша Тејт, Хозе Алдо и други.

Сепак, тоа не е се за првите десет дена на месец јули. На 7 јули ќе се одржи и официјалната прес-конференција со учество на Конор Мек Грегор и Нјет Дијаз пред вториот нивен меч на УФЦ 202 во август.

Хабиб Нурмагомедов се закачи со Рафаел дош Ањош

habib-nurmagomedov-shirt

Додека Хабиб Нурмагомедов нема намера да се бори за време на Рамазан, „The Eagle“ нема ниту намера да му овозможи на Рафаел дош Ањош да го заборави мечот во 2014 година, кога Нурмагомедов го победи Бразилецот со предавање.

Двајцата не престануваат да си разменуваат вербални напади во медиумите, додека Дош Ањош се подготвува да ја брани титулата во лесна категорија против Еди Алварез на 7 јули. Овој пат Нурмагомедов ја користи социјалната мрежа Инстаграм, за да упати нов удар на адреса на Бразилецот.

„Дош Ањош, сега се обидуваш да направиш сите мои победи да изгледаат како ништо, велејќи дека мојот последен противник не бил доволно добар. Јас не се интересирам за тебе! Ти, сепак, се приклонуваш на нешто, на што јас нема да застанам! Ако ти си мажот, а тврдиш дека си, ќе го прифатиш реваншот. Јас, сепак, гледам дека не сакаш да ја осетиш повторно оваа моќ“.

Nurmagomedob Anjos

Ленокс Луис: Фјури е најдобриот во моментов

Fjuri odelo faca

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ленокс Луис, изјави за медиумите дека неговиот сонародник Тајсон Фјури е најдобариот во боксот во овој момент.

На 9 јули Фјури ќе ја брани титулата против Владимир Кличко, а средбата ќе се одржи во Манчестер.

„Кој е најдобар. Во моментов Тајсон Фјури е најдобар боксер“, рече Луис.

„Она што го направи тој е неверојатно. Ја заслужи титулата кај најтешките, а треба да се истакне дека Кличко не стоеше добро во првата нивна борба“, додаде шампионот.

Филип Блинџов нокаутира со мондољо (ВИДЕО)

Blindzov filip

Едно потсетување на одлично изработениот „мондољо“ од Филип Блинџов (во сино) од ТКД Илинден на таеквондо турнирот „Тигри опен 2014“ во категоријата до 68 килограми.

Овој удар на Блинџов при крајот на борбата му донесе водство и победа.

https://youtu.be/1eTNunjH5TM

Пролетер и ДА „За сите деца во светот“ го доближуваат џудото до децата од ранливите категории

Prorleter memornadum detska ambasada

Џудо клубот Пролетер од Прилеп склучи партнерски меморандум за соработка со Детската амбасада „За сите деца во светот“.

Proleter deca amabasada

„Со овај благороден проект заеднички им овозможуваме на децата од ранливите категории полесен принстап до џудо спортот и боречките вештини и можност сите кои немаат доволно средства, а имаат талент за џудо, да го покажат тоа на дело и да добијат шанса да бидат рамноправни со сите врсници и преостанати членови“, велат од Пролетер.

Proleter i detskata ambasada

 Членовите на клубот ќе може дополнително да ги користат услугите од Детската амбасада, како и Асоцијацијата за уметност и култура на деца и млади „Креативити“  од Прилеп.

„Со овај меморандум Пролетер ги отвара вратите за сите членови во Детската амбасада со надеж дека правилниот раст и психофизичкиот развој на децата им е најпотребен во многу рана возраст без разлика на полот, способноста и физичката конституција. Родители кои ќе ги запишете вашите деца на џудо, бидете сигурни дека сте направиле нешто корисно и добро за вашето дете“, нагласуваат од прилепскиот клуб.

 Ipon.mk/В. Д.

 

Хадис Рамадани поради повреда на противникот нема да се бори за светската титула во К-1

Hadis so muskuli

Хадис Рамадани викендов требаше да се бори за светската титула во К-1 до 65 килограми на настанот во верзија на ВКУ/WKU во Швајцарија во Амрисвил против  Мурад Абдо на настанот е  „Спарта фајт гала 6“.

Hadis na plakata za svetska titula na VKU

„Борбата за светската титула на ВКУ е откажана поради тоа што протиовникот е повреден. Барем, на мене така ми беше кажано“, вели за Ipon.mk, нашиот репрезентативец Хадис Рмадани, кој викендов во Неготино ја освои државната титула во лоу кик -67 кг.

Hadis drzavne prvak so trenerite

Тој жестоко се подготвуваше за овој меч. Сепак, не е залудно потршено времето, бидејќи во август ќе настапи на Светското првенство на ВАКО за јуниори во Италија, каде што очекува висок пласман, однонсо борба за еден од медалите.

Ipon.mk/В.Д.

Светски шампион во џудо се сретна со 10 црни појаси (ВИДЕО)

Dzudo crni pojasi

Како што спортот еволуира, така и вештините на спортистите стануваат подобри и подобри. Во циу-џицу и џудо мајсторството се постигнува со години вредни тренинзи во различни сали, со различни ривали и совладувајќи многу техники до совршенство.

Но, има опиплива разлика помеѓу црн појас и светски шампион на црни појаси. Во следново видео ќе ви покажеме како светски шампион во џудо се справува со 10 црни појаси во својата дисциплина.

Кадрите се од 50-годишнината на доџо „Teni Judo“ во Лос Анџелес од пред неколку години.

Ломаченко ја ослободи титулата во перо категорија

Vasil lomacneko muskuli

Светскиот шампион во бокс, Васил Ломаченко, доброволно ослободи еден од шампионските појаси што ги држи- оној во перо категорија на ВБО.

Тој одлучил да остане шампион во лесна категорија на ВБО, затоа се откажал од другата титула.

Првото место во перо категроија на ВБО нема долго време да остане празно. На 23 јули во Лас Вегас ќе се одржи борбата меѓу Оскар Валдес и Матијас Руеда, кои можат да се доближат до појасот.

Вајт: Народот се уште сака да го гледа Федор Емилијаненко

Fedor vo trenerka

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, го дели мислењето дека бледата претстава на Федор Емилијаненко против Фабио Малдонадо не ги намалило очекувањата меѓу навивачите на боречките спортови.

Зборовите на Вајт доаѓаат во момент кога се шпекулира дека има голема можност легендарниот Русин да потпише со УФЦ и да го има својот прв натпревар во организацијата.

„Тие сакаа да го остават да умре пред да го прекинат мечот. Но тоа е доказ колку е цврст и издржлив Федор. Тој беше во аут, а кога се исправи, нозете не го слушаа. Тој продолжи да биде бомбардиран од страна на Малдонадо, но, сепак, преживеа“.

„Ќе ви го кажам ова: Овие судии сакаа да дозволат прво да умре, пред да ја прекинат борбата. Федор, сепак, има здрава брада и е цврст тип. Преговараме со него од пред многу, многу години. Ќе ви откријам исто така, дека податоците од Фајт пасс јасно покажаа дека луѓето се уште сакаат да го гледаат“.

IPON