Пролетер и ДА „За сите деца во светот“ го доближуваат џудото до децата од ранливите категории

Prorleter memornadum detska ambasada

Џудо клубот Пролетер од Прилеп склучи партнерски меморандум за соработка со Детската амбасада „За сите деца во светот“.

Proleter deca amabasada

„Со овај благороден проект заеднички им овозможуваме на децата од ранливите категории полесен принстап до џудо спортот и боречките вештини и можност сите кои немаат доволно средства, а имаат талент за џудо, да го покажат тоа на дело и да добијат шанса да бидат рамноправни со сите врсници и преостанати членови“, велат од Пролетер.

Proleter i detskata ambasada

 Членовите на клубот ќе може дополнително да ги користат услугите од Детската амбасада, како и Асоцијацијата за уметност и култура на деца и млади „Креативити“  од Прилеп.

„Со овај меморандум Пролетер ги отвара вратите за сите членови во Детската амбасада со надеж дека правилниот раст и психофизичкиот развој на децата им е најпотребен во многу рана возраст без разлика на полот, способноста и физичката конституција. Родители кои ќе ги запишете вашите деца на џудо, бидете сигурни дека сте направиле нешто корисно и добро за вашето дете“, нагласуваат од прилепскиот клуб.

 Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО