Home Blog Page 2769

Промоторот на Поветкин го тужи Вајлдер за 34,5 милиони долари

alexander povetkin ryabinsky buffer-worldboxing

Дионтеј Вајлдер поднесе тужба во Њујорк за надомест на штета во износ од 5.000.000 долари по откажувањето на борбата со Александар Поветкин.

Американецот на 21 мај во Москва требаше да ја брани титулата на ВБЦ во тешка категорија, но борбата е откажана по позитивниот допинг тест на Русинот.

Во организмот на Поветкин беше пронајдена мала количина на мелдониум – 0.07 микрограми на милилитар. Претходно, тој помина повеќе тестови и неговата страна тврди дека толку мала количина не може да биде поради допингување меѓу два теста.

Сега промоторот на Повтекин, Андреј Рјабински, возвраќа со противтужба, исто така на судот во Њујорк, во која поради клевета и прекршување на договорот бара 34,5 милиони долари.

ВБЦ уште не е донесе конечна одлука за случајот, а адвокат Вајлдер тужбата ја н арече апсурдна.

Средбата Головкин-Алварез е догодина наесен

Golovkin Alvarez

Најочекуваниот бокс меч во моментов – меѓу Казахстанецот Генади Головкин и Мексиканецот Саул Алварез, ќе се одржи во септември 2017 година.

За телевизискиот канал ЕСПН, Оскар де ла Хоја, кој е менаџер на „Канело“ и Том Лафлеур, менаџер на Головкин, ја потврдија оваа информација. Веќе е решен најголемиот спор – борбата ќе биде во средна категорија.

Следниот меч на Алварез ќе се одржи на 17 септември во Лас Вегас, но се уште не е познат противникот.

Головкин најверојатно ќе се бори во септември против Британецот Крис Јубенк.

Отпишаните од БК 10 60 ќе пишуваат историја во македонскиот бокс

10 60 logo na klubot

Кога македонскиот бокс е во своето најголемо бессознание и најголема зачмаеност, а во пресрет на вонредното Собрание на Боксерската федерација на Македонија, се регистрира нов боксерски клуб на самопрегорните ентузијасти од Ѓорче Петров – БК 10 60.

Pecat 10 60

Овие самопрегорни момчиња почнаа од ништо и никаде, но не се предаваа.

„Боксрескиот клуб 10 60 е формиран на 6 февруари 2013 година од страна на Живорад Стојановски, Роберт Варга и Гого Славески. Нашиот клуб беше формиран поради преголема љубов кон боксот и преголем ентузијазам во погрешно време со погрешни вредности.Од маалски клуб, од подрумите до отворените игралишта, подоцна салите во кои вежбавме и се трудевме, следеа и нашите скромни почетни успеси на отпишаните“, ќе напише еден од основачите на клубот на својот ФБ профил, Живорад Стојановски.

10 60 bokseri so Gogo

Секоја горчина ја вкусува и сласта на убавината и успехот.

„Гого постигна нешто што ретко кој би можел и да помисли. И ,тој е гордоста на нашиот клуб. Но, да не заборавиме и на оние млади деца кои до сега можеа да се докажуваат само преку спаринзите. Но сега клубот има една поинаква мисија со која ќе треба да се соочи.Тоа е оној убав момент кога учениците, оние најмалите, го преземаат, оние со најголем ентузијазам, оние кои се подготвени за промени. Истите тие деца, успеаја во она што ние не можевме, а тоа е да го регистрираат клубот. Ѓорги Трајковски и Андреј Митров ќе бидат оние главни виновници за секое ново дете, за секој нов талент, за секој нов шампион во државата и надвор од неа. Секако, со помош и целосна поддршка на постарите. И, секако, тие се првите двајца што ќе настапат под името на клубот 10 60“, завршува Стојановски.

10 60 precek na gogo Slaveski

Отварањето на новата сала, за жал, нема да биде во Ѓорче.

„Поради прицини познати за сите нас. Се гледаме на отварањето“, вели Живорад.

Од овој неформален изникна нашиот единствен професионалец во моментов Гого Славески, кој ја гради кариерата во САД. Ѓорги Тодоровски е млад боксер со голем потенцијал и многу цврст, кој некое време настапуваше за БК Шкупи.

Ipon.mk/В.Д.

Даниел Стефановски: Со нетрпение и возбуда го очекувам мечот со Сипаи (ФОТО)

Daniel so mak znameto pobenik

Утре Даниел Стефановски го чека уште едно искушение на рингот во Цирих-Швајцарија, каде што на настанот „Рејди фор вор“ се среќава со светскио првак на ВКУ, Ефе Сипаи.

Daniel i Efe Sipai na rejdi for vor 2016 plakat

„Со исклучителна нетрпеливост и возбуда од спортско-компетитивен карактер го очекувам претстојниов меч“, вели младиот Стефановски.

Имајќи во предвид дека во мечот влегува со победа во претходниот меч, и тоа со нокаут, кумановецот Стефановски е претпазлив во врска со крајниот исход и со тактичкиот пристап на средбата.

„Во однос на крајниот исход и резултат не би калкулирал однапред. Немам специјални експектации и формулирани очекувања или, пак, дефинирана стратегија, со оглед на фактот дека се работи за непредвидлив спорт“, истакнува Даниел.

Daniel go nokautira protivnikot

Сепак, тој потенцира дека темелно го има анализирано спортскиот опонент со кого ќе се соочиво рингот.

„Се работи за солиден спортист и натпреварувач, првенец на германско ниво. Но, истовремено, сум свесен за своите компетенции и способности, како и секој натпреварувач. Детерминиран сум и тенденциозен кон победа. Сепак, самиот меч ќе ја рефлектира посукцесивната и поефективната тактика на финишот и текот на истиот“, категоричен е Стефанмовски.

Daniel Stefanovski sparinzi za R4W 2016

Даниел Стефановски (82,5 кг) кон крајот на мај стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау. Стефановски има 20 години и до сега одработил 29 борби – 26 победи (15 со КО), 2 порази и 1 нерешена во К-1 и талјандски бокс и е европски првак во К-1.

Ipon.mk/В.Д.

Владимир Кличко: Фјури е имбецил кој звучи како Хитлер

during Tyson Fury and Wladimir Klitschko head to head press conference at Manchester Arena on April 27, 2016 in Manchester, England. Fury v Klitschko Part 2 will take place in Manchester on July 9 for the WBO, WBA and IBO heavyweight belts.

Владимир Кличко ја „крена“ температурата пред ри-мечот со Тајсон Фјури во јули, нарекувајќи го британскиот шампион „имбецил“.

Кличко и Фјури повторно ќе влезат во рингот во Манчестер на 9 јули.

Фјури повеќе пати предизвика контроверзи со своите изјави, а минатиот месец мораше да се извинува откако во видео-обраќање имаше хомофобни, сексистички и антисемитички коментари.
Кличко, кој загуби првпат по 11 години токму од Фјури во ноември минатата година во Германија вели дека тој требал да добие суспензија од боксот поради коментарите поради кои „звучел како Хитлер“.
„Бев шокиран од неговите изјави. Кога стигна до Евреите, тогаш навистна звучеше како Хитлер. Човекот е имбецил!“, изјави Украинецот.
40-годишниот Кличко вели дека тоа му дава поголем мотив да го победи и да врати дел од шампионските појаси.
„Не смееме да имаме таков шампион. Или ќе замолчи или ќе биде замолчен во рингот. Можеби само треба да биде суспендиран. Боксувам со противник кој не знае да си ја затвори устата“, додава Кличко

На Бени Османоски му се плашат противниците и ги откажуваат борбите, тој е подготвен за битка

Beni rejdi for vor 2016

Во сабота за Бени Османоски е пред уште еден предизвик на „Рејди фор вор“ во Цирих-Швајцарија, откако пред некое време ја освои светската титула во К-1 во врезија на ИСКА.

Борбата против шампионот секогаш е предизвик за предизвикувачите.

„Па, да кажам, борбата што ја имав за светска титула не мора да значи ништо за оваа средба. Тоа беше само уште една светска титула во мојата кариера која ќеј а бранам идната година во април. А јас, веќе 11 пати сум шампион во боречките спортови. Секој мој противник го знае тоа и така добива шанса да се бори против мене, како на пример овој противник е светски шампион во К-1 до 90 кг во ВКУ. Но ич не мислам за тоа, подготвен сум да се борам со секого“, вели Османоски.

Beni rejdi for vor 2016

Можеби оваа борба доаѓа во незгоден момент за нашиот борец, бидејќи тој е голем верник и сега ги прави рамазанските пости, и дали тоа нема да се одрази на формата.

„Што се однесува до постот, јас сум голем верник и не го откажав ни за момент. Со душа и срце го постам муслиманскиот месец Рамазан и ништо друго не ми беше поважно од тоа. Со помош на Господ подготовките беа супер како и за секоја борба топ сум подготвен“, тврди Османоски.

Во неговите очекувања секогаш е со респект за противникот и верува во себе.

„Што ќе биде во ринг, тука не се знае, но јас одам на победа и на ништо друго. Инаку да кажам дека имав друг противник пред овој сега, но ја откажа борбата. Исто така беше на мое ниво, ама ете, не беше маж да се справи со мене и од непозната причина ја откажа борбата. Потоа добив покани за некои други борци, со кои ми беше без врска да се борам со нив, кои не беа на некое ниво. Така што, такви борби не прифаќам, само без врска да повредам некого. Еве, добив добар противник со кој ќе се видеме во петок, на 24 јуни на мерењето. До тогаш, поздрав до сите што ме подржуваат и што не ме подржуваат, затоа што на некој начиин и тие што ме мразат не се свесни, но многу ме подржуваат“, истакнува Османоски.

Ipon.mk/В.Д.

Балканско првенство во џудо за пионери и пионерки во Скопје

Balkansko dzudo plakat skopje'

Повеќе од 350 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Македонија ќе учествуваат на Балканското првенство во џудо за пионери „Скопје 2016“, кое викендов на 25 и 26 јуни ќе се оддржи во Скопје.

Натпреварувачкиот дел на балканското првенство кое е во организација на Џудо Федерација на Македонија и техничка организација на џудо клубот „Вардар“. Натпреварите почнуваат во сабота во 10 часот во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.

На првенството боите на Македонија ќе ги бранат 18 џудисти, од кои 10 во машка и 8 во женска категорија.

Ipon.mk

Катерина Николовска е првиот џудист што ќе учествува на Олимписките игри

Katerina Nikoloska vo Baku

За првпат во историјата на џудо спортот ќе видиме македонски претставник на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро ќе бидат случување во месец август.

Македонскиот олимписки комитет информираше дека Катерина Николовска добила покана за учество на Олимпијадата во Бразил од ИОК (меѓународен олимписки комитет), што значи дека за првпат во историјата на игрите ќе видиме претставник од нашата земја во оваа боречка дисциплина.

Николоска беше претставник на Македонија и на Европските Игри во Баку во категоријата до 63 килограми, но сигурно дека Олимписките игри во Рио ќе бидат нејзин најголем предизвик во кариерата.

 

Борачите отпатуваа на ЕП за јуниори во Романија, а проблемите се повторуваат

Nazmi i Ramce

Јуниорската репрезентација отпатува на Европското првенство во борење во Букурешт, Романија, кое се одржува овој викенд во состав: Елмедин Сејфулаху (-55 кг), Ријад Реџепи (-60 кг), Адил Адили (-66 кг) треба да им се придружи од Франција, и Рамадан Мустафовски (-84 кг).

Сите ќе настапат во слободен стил. Тренер на репрезентацијата е Назми Али.

„Репрезентативците се подготвени, а со поволен жреб, очекувам добри резултати од Сејфулаху и Мустафовски, но верувам и во подготвеноста на Реџепи и Адили“, изјави Али.

Сепак, некои работи повторно функционираат по старо, бидејќи во Обединетото светското борење (ОБС/UWW) беа пријавени само Сејфулаху и Адили, а на подготовки во Бугарија одеа Елмедин и Ријад. Неизвесно е дали ќе се почитува договорот за распоредот на борачите по категории, како што вели техничкиот секретар на ФБСМ, Љупчо Лазаревски, зашто првите биле пријавени оти имале лиценци, а потоа прашале во ОБС дали ќе има проблем ако се пријават уште двајца борачи, за кои дополнително се извадени лиценци, од каде што одговориле дека нема да прават проблеми за настап. Лазаревски вели дека Реџепи треба да настапи во категоријата до 61 кг, а Адили до 66.

Според него и тренеро Али, изборот го направил Стручниот совет на ФБСМ, па Адили ако отпатува од Франција за Романија ќе настапи на ЕП.

Ipon.mk/В.Д.

Борче Ангелов и Арбреша Реџепи преку МОК учествуваа на кампот во Фиш-Швајцарија

Abresa i Borce vo Kluz

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработка со Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), обезбеди финансиска помош за Џудо федерацијата на Македонија за учество на младите џудисти Борче Ангелов и Арбреша Реџепи.

Тие во придружба на нивниот тренер Горан Мицкоски, во периодот 17-23 Јуни учествувaа на џудо кампот на ИЏФ во Фиш, Швајцарија. Главен предавач на кампот беше олимпискиот медалист и тренер, Сергеј Ашванден (6 дан).

На овој меѓународен џудо камп, кој се простира на површина од 20.000 м2 и кој нуди и висока обука за тренерите, учество земаа околу 300 млади џудисти од целиот свет.

Ipon.mk/В.Д.

IPON