Отпишаните од БК 10 60 ќе пишуваат историја во македонскиот бокс

10 60 logo na klubot

Кога македонскиот бокс е во своето најголемо бессознание и најголема зачмаеност, а во пресрет на вонредното Собрание на Боксерската федерација на Македонија, се регистрира нов боксерски клуб на самопрегорните ентузијасти од Ѓорче Петров – БК 10 60.

Pecat 10 60

Овие самопрегорни момчиња почнаа од ништо и никаде, но не се предаваа.

„Боксрескиот клуб 10 60 е формиран на 6 февруари 2013 година од страна на Живорад Стојановски, Роберт Варга и Гого Славески. Нашиот клуб беше формиран поради преголема љубов кон боксот и преголем ентузијазам во погрешно време со погрешни вредности.Од маалски клуб, од подрумите до отворените игралишта, подоцна салите во кои вежбавме и се трудевме, следеа и нашите скромни почетни успеси на отпишаните“, ќе напише еден од основачите на клубот на својот ФБ профил, Живорад Стојановски.

10 60 bokseri so Gogo

Секоја горчина ја вкусува и сласта на убавината и успехот.

„Гого постигна нешто што ретко кој би можел и да помисли. И ,тој е гордоста на нашиот клуб. Но, да не заборавиме и на оние млади деца кои до сега можеа да се докажуваат само преку спаринзите. Но сега клубот има една поинаква мисија со која ќе треба да се соочи.Тоа е оној убав момент кога учениците, оние најмалите, го преземаат, оние со најголем ентузијазам, оние кои се подготвени за промени. Истите тие деца, успеаја во она што ние не можевме, а тоа е да го регистрираат клубот. Ѓорги Трајковски и Андреј Митров ќе бидат оние главни виновници за секое ново дете, за секој нов талент, за секој нов шампион во државата и надвор од неа. Секако, со помош и целосна поддршка на постарите. И, секако, тие се првите двајца што ќе настапат под името на клубот 10 60“, завршува Стојановски.

10 60 precek na gogo Slaveski

Отварањето на новата сала, за жал, нема да биде во Ѓорче.

„Поради прицини познати за сите нас. Се гледаме на отварањето“, вели Живорад.

Од овој неформален изникна нашиот единствен професионалец во моментов Гого Славески, кој ја гради кариерата во САД. Ѓорги Тодоровски е млад боксер со голем потенцијал и многу цврст, кој некое време настапуваше за БК Шкупи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО