АктуелноБоксПрофесионален

Тајсон Фјури ги прозва светските шампиони во тешка категорија: Кој воопшто знае за нив?

Поранешниот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, во петок се бори со Мариуш Вах на настан во Тајланд.

Тоа треба да биде загревачки меч за Кралот на Ромите пред големата британска борба со Ентони Џошуа, која наводно е закажана за подоцна оваа година.

Фјури неодамна ги прозва актуелните шампиони во тешка категорија кои ги заменија привремените појаси за вистински шампионски титули откако Александар Усика ги напушти титулите.

Мурат Гасиев беше промовиран во целосен шампион на ВБА, Агит Кабајел го презеде појасот на ВБЦ. Даниел Дубоа ја освои титулата на ВБО победувајќи го Фабио Вордли, а сè уште е празен само појасот на ИБФ.

„Сите овие борци добија светски титули како подарок. Всушност, тие никогаш не мораа да се борат со некого за да ги освојат. Кабајел ја доби титулата како подарок; Гасиев ја доби титулата како подарок. Како можат воопшто да се споредат со мене? – се запраша Тајсон Фјури и додаде:

„Тие се во мала група, а јас сум на врвот на Емпајр стејт билдинг. Тие немаат апсолутно ништо што јас го сакам. Немаат пари. Веќе ги освоив сите појаси. А нивните имиња… не се борци со импресивни резултати од победи и порази. Кој воопшто знае за нив? Знам дека штотуку ги започнуваат своите кариери и повеќето од нив се неколку години помлади од мене, но сепак треба да се искачат до врвот. Ќе им требаат години за да стигнат до тоа ниво“.

Ако 37-годишниот Фјури го победи Вах, како што се очекува, неговата долгоочекувана борба со Ентони Џошуа ќе биде потврдена за подоцна оваа година, под претпоставка дека во сабота Еј Џеј ќе го победи Кристијан Пренга.

„Само сакам да останам активен и да си го правам своето. Ги платив обврските. Одработив четири или пет борби за елиминација за светската титула. Се борев против сите водечки предизвикувачи… шампиони… оние кои ги обединуваат појасите, поминав низ сите тие глупости“, рече Тајсон Фјури и подвлече:

„Претпоставувам дека сега заслужувам да правам што сакам. Можам да бирам со кого да се борам, без разлика од кој спорт доаѓа противникот. Можам да закажам каква било борба. Затоа што јас сум Кралот на Ромите и правам што сакам“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON