Home Blog Page 2768

Александар Мирчев два пати на пиедесталот на СП во бодибилдинг и фитнес, Кристијан Донев на одличното шесто место (ФОТО)

Makedonec na piedstal na SP vo koper 2016

Александар Мирчев два пати го развиори македонското знаме на пиедесталот на светското првенство во бодибилдинг и фитнес во Копер – Словенија.

Kristijan pozira na SP Koper 2016

Kristijan na SP vo Koper 25.6 2016

Македонската репрезентација на СП на ИБФФ имаше одличен настап.

„Александар Мирчев освои две четврти места, Кристијан Донев во конкурренцја од 16 натпреварувачи го освои високото 6 место во категорија физик, а Габриела Зафирова во категорија фитнес бикини од 15 натпреварувачки го освои 8 место. Борјан, како дебитанд одлично не претстави, додека Трајче во јуниорска конкуренција имаше одличен на настап и успех. Останува уште вечерниот дел, каде што имаме уште неколку настапи. Горд сум што овие млади момци се со мене. Вие сте иднината на овој спорт! Вие докажавте дека многу, многу што многу други го потценуваа“, вели тренерот на репрезентацијата Тоше Зафиров, додавајќи дека Донев го освои и деветото место во боди билдинг, што е одличен успех.

Bilderki SP Koper 2016

Ipon.mk/В.Д.

Во понеделник се решава судбината на македонскиот бокс

BK Ohrid bokser vo kacija

Во понеделник се одржува вонсредното Собрание на Боксерската федерација на Македонија на кое треба да се избира претседател и челнови на Управниот и Надзорниот одбор.

Собранието ќе се одржи во просториите на Факултетот за физичка култура во Скопје со почеток во 12 часот.

Покрај изборот на органите на БФМ, на дневен ред ќе бидат и Делвникот за работа на Собранието и извештајот за работата на Боксерската федерација со финансиски показатели.

Пред извесно време  Иницијативниот одбор на боксерските клубови во Македонија поведоа иницијатива за свикување на вонредно Собрание, по што Управниот одбор на БФМ го закажа Собранието за 27 јуни во Скопје.

Иницијативата беше поведена поради влошената состојба во Федерацијата, а суспензијата од страна на АИБА поради неплатена членарина за две години ја прелеа чешата. Поради ова нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама не можеа да учествуваат на Светското првенство, а „Златниот гонг“ беше избришан од каленадарот ЕБУЦ.

Иницијативата ја поддржуваат речиси сите клубови, при што од ИО истакнуваат дека на вонредното Собрание имаат и кандидат за претседател.

Со последните измени на Законот за спортот на 28 март оваа година е предвидено „лицето што ја претставува федерацијата, може да биде избрано најмногу два мандати последователно и истото може повторно да биде избрано по истекот на временскиот период од најмалку еден полн мандат. Доколку во моментот на престанување на мандат на лице што ја претставува федерацијата, сметката на федерацијата е блокирана најмалку 30 дена, лицето чиј мандат престанува не може да биде повторно избрано“.

Мандатот на лицето што ја претставува федерацијата во моментот на влегувањето во сила на овој закон, му се засметува како прв мандат на кој е избранo на должноста.

Од друга страна, не се пожелни дворски игри пред одржувањето на вонредното Собрание, пред се заради боскот и боксерите, бидејќи овој наш трофеен спорт е во најголемата криза од неговото постоење. Мора со нова енергија и сили да се најде соодветното решение и да се тргне напред во создавање на нови потенцијали за големи остварувања.

Институциите не кријат дека ќе го помогнат овој трофеен спорт, само бараат решавање на кризата во Федерацијата кој трае предолго.

Ipon.mk/В.Д.

ЕП: Ријад Реџепи совладан од Британец со технички туш

Rijad Redzepi na EP 2016 juniori

Иако се веруваше дека на Ријад Реџепи му е наклонета жрбката на Европското првенство за јуниори во Букурешт, Романија, сепак нашите сметки не се совпаднаа со оние на неговиот противник.

Реџепи е совлдан со технички туш од Британецот Џорџ Рем, со 11-0 во осминафиналето на ЕП.

Преостанатите двајца наши борачи, Елмедин Сејфулаху и Рамадан Мустафовски, настапуваат утре.

Ipon.mk/В.Д.

Рампејџ тешко до победата против Ишии (ВИДЕО)

rampage ishii

Откако одработи една борба за УФЦ, Квинтон Џексон се врати во Белатор за да го одработи до крај договорот.

„Рампејџ“ на Дајнамајт2 во Сент Луис во тешко извијувана, а можеби и контроверзна поделена одлука на судиите, го победи Сатоши Ишии. И додека Американцот се бунеше оти Јапонецот сака да се вклучи во отворена размена на удари, Ишии во неколку наврати во текот на првата и втората рунда го уриваше Џексон. Во третата успеа да го запре, а претежно погодуваше со аперкати и со колено во телото од клинч.

Додека по еден од судиите даде победа и на Американецот и на Јапонецот 29-28, третиот му даде чиста победа на Џексон 30-27.

https://youtu.be/T2DQeP1a9r8

Мајкл Чендлер повторно стана шампион во лесна категорија нокутирајќи го во првата рунда од борбата за испразнетата титула Патрик Фреир.

https://youtu.be/N067Y6pKlkU

Мет Митрион во дебито за Белатор за малку повеќе од 3 минути го нокутираше Карл Сеуманутаф.

https://youtu.be/tK3Fmh9XwDA

Хисако Като прво го нокуатираше Џо Шилинг во ММА борба минатата година, а тоа го повтори и во кик бокс борбата. Като го нокутираше Шилинг со тупаница од вртење и притоа му го скрши забот.

https://youtu.be/7f4WeSVI1aM

Сопруга Хесди Гергеш, Денис Килхолц е поразена со поделена одлука од Глорија Перито. Белатор избра уште еден лесен противник на Рејмонд Даниелс за да може тој атрактивно да го заврши, што и го направи тоа.

https://youtu.be/bY6Hn5nc_Z0

https://youtu.be/Du0uGUpeMRM

Bellator 157/Dynamite 2

Quinton Jackson – Satoshi Ishii (podelena odluka sudiite; 29-28, 28-29, 30-27)
Michael Chandler – Patricky Freire (KO, R1)
Ilima MacFarlane – Rebecca Ruth (submission, rear-naked choke, R2)
Matt Mitrione – Carl Seumanutafa (KO, R1)


Kick boks:
Hisaki Kato – Joe Schilling (KO, R2)
Gloria Peritore – Denise Kielholtz (podelena odluka sudiite, 29-28, 28-29, 29-28)
Kevin Ross – Justin Houghton (ednoglasna odluka sudiite, 29-28, 29-28, 29-28) 

Raymond Daniels – Stefano Bruno (TKO, R1)

Фјури ја покажа повредата и порача: Кличко е глупак, Хитлер истепал стотина илјади Цигани (ВИДЕО)

Klicko raskrvaven so fjuri

Тајсон Фјури објави дека пред десетина дена на трчање го повредил глуждот на ногата и дека мора да го откаже реваншот со Владимир Кличко.

Лекарите го советувале 6-7 недели да мирува.

Фјури и одговори на коментарите на Кличко во кои го споредува со Хитлер.

„Ова е порака до Владимир Кличко. Неодамна ме спореди со Хитлер. Владимир очигледно не е доволно образуван по ова прашање и не сфаќа дека Хитлер убил стотици илјади Роми, ако не и милиони. Да ме нарече така е многу, многу тешка навреда пријателе, бидејќи многу мои предци биле жртви на масовните убиства на Хитлер. Да не заборавиме дека твоите луѓе, Украинци, биле стражари во логорите на смртта во кои мојот народ е исколан. И двајцата може така да играме, ти глупав ебан украински шупаку“.

https://youtu.be/I47vzuY3d9c

povredenata noga na Fjuri

Џошуа: Сакам експлозивен нокаут (ВИДЕО)

Entoni dzosua vo maicka

Шампионот на Меѓународната боксерска федерација во тешка категорија, Ентони Џошуа, посака експлозивeн нокаут во саботниот дуел против Доминик Бризил. Двајцата непоразени таленти ќе се сретнат на галавечер во Лондон.

„Доминик е опасен и ќе се однесувам со него многу сериозно, кој победи со нокаут во сите 16 професионални борби. Ќе ставам крај на неговите мечти, бидејќи јас сум уничтувач на сништа“, вели Џошуа.

Американецот додаде дека нема да допушти судиите да го решаваат мечот.

„Единствениот начин да се освои светската титула во тешка категорија е да го нокаутирам мојот протовник . Со Ентони сме големи нокаутери“, возврати Бризил.

ФБСМ: Како го закажаа така и го откажаа годишното Собрание – инконгнито!

Mitrov akcija biser 2016

Како го закажа така и го откажа денешното годишно Собрание Федерцаијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

Многу набрзина закажано и со уште поголема брзина откажано, одложено за 30 јуни, наводно поради тоа што двајца членови на Управниот одбор се на Европското првенство во Романија за јуниори.

Но, како и да е, за меиумите информациите не беа достапни. Не ни се познати причните, но така не се афирмира еден трофеен спорт.

Ipon.mk/В.Д.

АМС: Училишниот спортски камп продолжува и годинава

Marjan Spaseski ucilisen kamp so tufekcioski

На прес-конференција одржана во АМС, директорот Марјан Спасески истакна дека овој камп преставува награда за најдобрите од училишните спортови.

Сè е подготвено за новото издание на „Училишен спортски камп 2016’’ кој е во организација на Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата за училишен спорт на Република Македонија, а ќе се одрганизира во Охрид од 27 јуни до 9 јули.

На денешната прес-конференција одржана во АМС, директорот Марјан Спасески истакна дека овој камп преставува награда за најдобрите од училишните спортови.

– По започнувањето со акцијата за формирање на училишни спортски клубови во сите училишта, каде околу 35 илјади ученици од основните и средните училишта секоја година се натпреваруваат меѓусебно низ училишните натпревари, како награда по завршувањето на учебната година најдобрите одат на кампот – истакна Спасески.

Исто така, Спасески посочи дека најповолното место за развој на спортот од аспект на масовноста и од аспект на квалитетот се училиштата и во таа насока Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе продолжи да реализира вакви проекти.

– Со единствена цел да се овозможат вистинските предуслови, младите и талентирани спортисти од училишните клупи да продолжат да се занимаваат со спорт професионално и да станат репрезентативци на Македонија вложуваме во делот на училишниот спорт. Со ова докажуваме на дело дека се грижиме за нашите ученици-спортисти, за нивниот правилен психофизички развој, но истовремено ја валоризираме нивната заложба и ги наградуваме нивните резултати кои ги постигнаа во училишните спортски лиги – дополни директорот на АМС, Спасески.

Претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, проф.д-р Александар Туфекчиевски, и координаторот на кампот проф. д-р Зоран Радиќ во своите говори заеднички заклучија дека најдобрите ученици спортисти кои ќе бидат заедно на кампот ја претставуваат иднината на македонскиот спорт и воедно, додадоа дека со вложувањата во училишниот спорт се вложува во спортската иднина на Македонија, која воедно претставува основна база за развојот на спортот.

Прес-конференцијата се искористи и да се испрати екипата на средното општинско училиште „Никола Карев” од Струмица на Светското првенство во одбојка каде што ќе настапуваат 32 екипи од целиот свет.

„Училишниот спортски камп 2016 година“ во Охрид ќе се одржува во две смени и тоа првата од 27 јуни до 2 јули и втора смена од 4 јули до 9 јули.

Фјури ја откажа борбата со Кличко поради повреда или…

Klicko-Fjuri soocuvanje vo sivo

Средбата меѓу Владимир Кличко  и Тајсон Фјури е одложена. Кличко ќе мора да почека за да се обиде да си го врати епитетот светски првак во тешка категорија.

Оваа борба требаше да се одржи на 9 јули во Манчестер, двајцата боксери во изминатиот период упатуваа „отровни стрели“ еден кон друг, за денеска се да падне во вода откако Фјури обелодени дека поради повреда е принуден да го откаже дуелот.

Имам лоши вести за вас. Пред десет дена трчав покрај езеро и си го шинав зглобот. Иако не станува збор за скршеница, повредата не е наивна и ќе морам да паузирам најмалку шест седмици. Ова значи дека претстојната борба дефинитивно е откажана“ – порача Фјури преку својот инстаграм профил.

Дали навистина е така или Фјури му враќа психолошки заем на Кличко за првата средба?!

Кличко беше без пораз уште од 2004 година се додека не капитулираше во пресметката со Фјури, па Украинецот не крие дека е крајно мотивиран да се врати на тронот на светскиот бокс. Сепак, тоа нема да се случи на 9 јули, а новиот датум за борбата меѓу големите ривали ќе биде дополнително обелоденет.

Панов: Каратистите на Урбан инвест и возвраќаат на Општина Квадарци на најубав начин

Urban invest kaj Panov juni 2016

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, организираше прием за дел од членовите на македонската јуниорска карате репрезентација од КК Урбан инвест кои на неодамна одржаното Балканско првенство во Белград освоија златен медал во женска и бронзен во машка конкуренција во кати екипно.

Urban invest na masa kaj Panov juni 2016
Женски ката тим настапи во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска, кои станаа шампиони  од 11 до 14 години. Машкиот ката тимот 11/12 години го сочинуваа Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев, кои го освоија бронзениот медал.
Градоначалникот Панов уште еднаш им честиташе на големиот успех, притоа потенцирајќи дека овие млади спортисти на најубав начин возвраќаат за вложените средства, како од Општината, така и од спонзорот.
Тренерот на клубот Ивана Аврамова рече дека оваа генерација од година во година го потврдува својот талент и полека созрева со цел наскоро да биде репрезент на македонскиот карате спорт во светот.
Претставникот на спонзорот „Урбан инвест“, директорот Александар Сеизов подвлече дека тие како компанија се горди на каратистите кои со резултатите ги потврдуваат нивните вложувања

Ipon.mk/В. Д.

IPON