Home Blog Page 2767

Убиен е Рајан Џимо

ryan jimmo pokrajac-estherlin

Поранешниот борец на УФЦ, Рајан Џимо, е жртва на убиство.

Полицијата во канадскиот Едмонтон истражува убиство со превозно средство, по што сторителот избегал од местото на злосторството.

Полицијата вели дека имало конфликт на двајца возачи на паркингот H2O ланџ околу 02:15 во утринските часови. 34-годишниот Џимо прв и пришол на луѓето во пикапот. Кога почнал да си заминува, осомничениот возач на другото возило забрзал и го удрил пред да избега. Почина во болница.

Во возилото на осомничениот биле две лица, белци.

https://youtu.be/SX6-_nA0ZIk

Тој направи седум борби за УФЦ и постигна четири победи, вклучувајќи ги и оние против Игор Покрајац и Ентони Перош со нокаут за 7 секунди, и 3 порази. Тој беше отпуштен по поразот со судиска одлука од Фрацимар Баросо во мај 2015 година и од тогаш не се бореше.

Во својата кариера тој имаше 19 победи и 5 порази. Ги победуваше поранешниот првак на Белатор, Емануел Њутн, Сокоуџоу Вилсон Гуве и Марвин Истман.

H2o landz

Конор Мек Грегор: Ќе си поиграм со Нејт Дијаз во реваншот

Konor se smee

Конор Мек Грегорr е „гладен“ за реваншот со Нејт Дијаз на УФЦ 202.

Ирецот го претрпе првиот пораз во УФЦ токму против Дијаз, кој го принуди да се предаде на нивниот меч на УФЦ 196 во март.

Сега Конор се заканува дека ќе се „поигра“ со Нејт Дијаз во втората средба меѓу нив.

„Се чувствувам многу самоуверено. Ќе се позанимавам со овој човек. Во првите осум минути на претходниот меч си играв со него. Кога ме погоди со оној лев удар, сетила се уште ни беа таму. Балансот ми се изгуби, но главно поради заморот. Секогаш се навраќам наназад и си мислам што ли ќе се случеше, ако бев завршил сè? На него му требаа уште еден или два удари. Чувствувам дека кога го постигна оној удар, тоа му донесе и нова енергија. Му го видовте ли аголот, полудеа по случувањето во кафезот. Како да добиле на лото. Потоа следуваше и гилотината. Се прашувам, што ли ќе се случеше, ако само ги држев рацете горе, ако продолжев да одам околу него и преживеев. Постојат многу прашања, но сум сигурен дека можам да бидам подобар во следниот натпревар. Ќе го добијам овој реванш“.

Игор Златков е новиот претседател на Боксерската федерација на Македонија (ФОТО)

Igor Zlatkov so Vojo na masa

Игор Златков е новиот претседател на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) кој денеска е избран на Собранието на Федерацијата со 17 гласа за и еден воздржан.

Igo Zlatkov i ilija, harun ..

Златков во своето обраќање пред делегатите на Собранието истакна дека ќе работи на реафирмација на БФМ и дека нема да зборува за она што било туку да се посвети на идеата.

„Експресно деблокиртање на жиро-сметката на БФМ, односно да биде на нула. Формирање на боксерски клубови во сите градови во Македонија, воспоставување на турнирско натпреварување меѓу клубовите (пролетни и летни турнири). По завршувањето на турнирите ќе се направи ранг листа и трите прворангирани клубови ќе добијат награда“, рече Златков, кој најави здравствена заштита и за натпреварувачите и за тренерите.

Boks so noviot pretsdeatel site

Според првиот човек на БФМ, ќе се направат и веб страна и фејсбук страница, ќе се инвестира во млади кадри и тренери. Најави и соработка со други боксерски федерации, вклучување еминентни личности во боксот.

„БФМ ќе застане на пиедесталот на успешните спортови како во минатото“, рече Златков.

Во Управниот одбор на Федерацијата, која должи околу три милиони денари, новиот претседател носи  тешка артилерија од типот на Силјан Мицевски, Максим Прохоров, Цветан Панделевски, Блажо Донев, покрај челновите од БФМ, Илија Малденовски, Оливер Станков, Фатон Салиху и досегашниот пртеседател Војо Настевски.

BFM Sobranie rabotno

Блерим Саити, Недим Цановски и Вели Мумин се членови на Надзорниот одбор, додека за потпретседатели на Собранието се избрани блажо Донев и Фатон Салиху.

Настевски истакна дека договорено со семејството на Неделковски како да се исплаќа долгот по судската пресуда за отштета, однонсо 50 отсто од пристигнувањето на средствата ќе се уплаќаат на нивна сметка. Но, Златков рече дека за брзо време сите долгови ќе бидат расчистени и сметката ќе биде фиксна нула.

Комплетниот финансиски извештај ќе биде разгледан на наредна седница на УО од објективни причини, а секретарот на БФМ, Душко Сачкарски, точно ги наведе долговите на Федерацијата: 1.791.610 денари отштета на Неделковски, 43.435 на Здружението на возачи за ќирија, 958.711 за плати на техничкото лице, 126.200 долг кон екипите за 2014 година, 9.450 за телефон и друго, или вкупно 2.958.000 денари. Кон овој долг се додаваат 18 илјади денари на хотелот Буши.

Боксерските работници и тренери преовлада мислењето дека боксот ќе тргне во добра насока.

Ipon.mk/В.Д.

9 медали за Сеишин во Солун на Европскиот џудо турнир (ФОТО)

Seisin vo Grcija 2016 juni

На Европскиот опен турнир во џудо во Солун, Грција, џудистите на Сеишин освоија девет медали, од кои 5 се златни, 1 сребрен и 3 бронзени.

На ова натпреварување во организација на ЏК Ираклис учествуваа над 150 натпреварувачи од клубови од Англија, Италија, Бугарија, Србија, Грција и Сеишин од Македонија.

Seisin Grcija zagrevnaje 2016

Медали освоија:  Александра Најдоска +75 кг. 1-во место, Михаела Пешталеска -57 кг. 3-то место, Марио Тошески -66 кг 3-то место во јуниорка конкуренција:

Сениори: Васко Пупуноски -55 кг 1-во место, Диме Ивчески -66 кг 1-во место, Мартин Тодорчески -60 кг 1-во место, Александар Апостолоски -66 кг 2-ро место, Александар Петрески -71 кг 3-то место.

Ветерани над 50 години: Благоја Кузманоски -75 кг 1-во место

„На овој турнир во Грција членовите на клубот доминираа на татамите. Прикажаа одлични и ефективни борби, што навистина беше прифатено и од публиката во салата, а беа добиени и комплименти од страна на судиите на овој натпревар, кои беа од Англија, Италија и Грција. Со овие активности клубот Сеишин ја завршува првата полусезона на натпревари и членовите ќе бидат на 1 месечен летен одмор а потоа месец август ќе се продолжат активностите согласно програмата на клубот“, велат од клубот.

Сеишин почнува со подготовките за 8-от Меѓународен турнир „Прилеп град херој 2016“, кој треба да се одржи на 9 октомври, а на кој уште сега се најавуваат повеќе балкански и европски клубови.

 

Светскиот вицешампион Тоше Зафиров: Пресреќен сум! Вака се сака Македонија, вака се сака македонското знаме! (ФОТО)

Tose go Baknuva peharot 2016

„Нема посреќен човек од мене во овој момент“, изјави по освојувањето на вицешампионската титула на Светското првенство на ИБФФ во бодибилдинг во тешка категорија, Тоше Зафиров.

Tose so znameto pokazuva 2016

„Секоја капка пот се исплати, со широко развиореното македонско знаме. Пресереќен сум! Благодраност до мојата сопруга Габриела, до моите два ангела, до мајка ми Велика, сестрата Гордана! Прекрасната публика што ме бодреше, како да бев дома. Од се срце му благодарам на Зоки Колевски. До сите натпреварувачи, што поминавме заедно низ сето ова. До сите вас што верувавте во мене, Зафиров Тоше гордо го вее македонското знаме. Зафиров тим. Пресерќен сум! Вака се сака Македонија! Вака се сака македонското знаме“, емотивно изјави Тоше по освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство за бодибилдинг и фитнес во Копер, Словенија.

Tose pozadina muskuli 2016

Tose figuri na Sp site

Tose muskuli SP

Ipon.mk/В.Д.

Погледнете го дебито на Сенчаи за Глори (ВИДЕО)

saenchai slimani

Еден од најдобрите мај тај борци на сите времиња, Сенчаи, го направи своето деби за Глори во Амстердам.

35-годишниот Тајланѓанец во еден од ретките излети во кикбоксот го побди од француско-алжирскиот борец Еди Наит – Слимани.

Потоа му се придружи на сонародникот Ситичаи во прославата на освојувањето на шампионскиот појас.

Турман се изнамчи со Шон Портер (ВИДЕО)

Turman Porter

Кит Турман (САД) имаше сериозни проблеми при одбраната на титулата на Светската боксерска асоцијација во полусредна категорија против Шон Портер (САД).

Мечот се одигра на галавечерта во Њујорк. Натпреварот, кој на два пати беше одложуван, беше исклучително еквивалентен.

По финалниот гонг и тројцата судии беа едногласни на своите картони – 115-113 за шампионот. Портер беше поактивниот, но Турман забележа повеќе моќни удари – 203- 177, според статистиката.

Шампионот веќе има импресивни 27 победи (22 со нокаут) од 27 натпревари.

„Портер е одличен борец. Одбраната беше клучот за победата. Успеав да го шокирам со чисти и ефикасни удари“, рече Турман.

Веднаш по средбата Портер побара реванш.

Тајсон Фјури фатен со допинг?

Fjuri vo maicka na stadion

Тајсон Фјури дал позитивен допинг примерок на допинг тестот минатата година, тврди весникот „Ајриш мирор“.

Примерокот бил земен во февруари или март минатата година. Во тоа време, актуелниот светски шампион во тешка категорија има меч со Кристијан Хамер. Средбата беше добиена во осмата рунда.

Според информациите на „Ајриш мирор“, Фјури дал позитивен примерок на анаболни стероиди – Nandrolone. Истата супстанца е пронајдена и во организмот на неговиот братучед Хјуи Фјури. И двајцата боксери негираат дека земале забранети супстанци.

Мострите се земени од службеници на Британската анти-допинг организација. Братучедите Фјури во септември биле повикани за да објаснат како во примероците им е пронајдена содржина на стероиди.

https://youtu.be/IFK3RmtHhlQ

Елмедин Сејфулаху петти на ЕП за јуниори, загуби во борбата за бронзата (ФОТО/ВИДЕО)

Sejfulahu za bronza EP 2016

Елмедин Сејфулаху (-55 кг) во борбата за бронзениот медал е поразен од Махир Амирсланов од Азербејџан со технички туш на Европското јуниорско првенство во Букурешт, Романија.

Sejfulahuu gubi za bronza 2016

Азербеџанецот по еден челинџ на 1:15 секунди од борбата поведе со 5-0, а потоа со истерување на Елмедин од душекот и со 6-0. Во наредната акција со префрлања преку себе поведе со 8-0 и 10-0, што значеше и крај на борбата.

Се очекуваше нашиот репрезентативец да влезе посилно во борбата и да граби кон бронзениот медал. На крајот Сејфулаху го освои петото место на ЕП во Романија.

Елмедин првата борба ја доби со туш над Украинецот Роман Гуцулјак при водтсво од 4-1 во втората рунда, а во четвртфиналето со техничи туш го победи Адам Патрик Грозински од Полска. Во полуфиналето се сретна со Абазгаџи Магомедов од Русија и изгуби со технички туш од Магомедов со 0-10 (0-2, 0-4, 0-6, 0-8 и 0-10).

Вториот наш борач, Рамадан Мустафовски (-84 кг), беше совладан со технички туш (12-0) од фаворитот Борис Чакулов од Русија. Но, Мустафовски не ја искористи шанасата што му се пружи во репасажот, бидејчи Русинот стигна до финалето. Мустаофвски загуби со 14-4, однонсо со технички туш од Унгарецот Бендегуж Тот и не се вклучи во борбата за бронзениот медал.

Вчера Ријад Реџепи беше поразен со технички туш (11-0) од Британецот Џорџ Ентони Рам, кој го освои првиот медал за Обединетото Кралство, искористувајќи го поволниот жреб.

Ipon.mk/В.Д.

Маро Перак подобар од повредениот борач на Спартак – Иван Викиќ (ВИДЕО)

Ivan Vikik i Maro Perak 2016

Борачот на Спартак, Иван Викиќ, кој се натпреварува во ММА и К-1, синоќа на Кокс фајт најт во Сплит-Хрватска, е поразен од Маро Перак. Хрватот доминираше со нозете и потоа Викиќ ја повреди ногата, а исходот на борбата беше извесен.

Борбите се одржаа на шеталиштето Ивана Павла II во Сплит, во организација на ММА тимот Ураган и Кокс и вклучуваа кик-бокс и ММА борби.

Борбата беше до 95 килограми, а Маро извојува трета победа по ред во Сплит во професионалната кариера во вкупно 32 (25 победи, 6 порази и 1 нерешена).

https://youtu.be/yrw0ksBaSjE

Во другите борби Карло Капут (-71 кг) го победи Драгољуб Станојевиќ од Србија, Домагој Обрадовиќ (-88 кг) беше подобар од Игор Кантар (Србија), а Кристијан Перак славеше против Торок Арпад (Унгарија).

https://youtu.be/6Hguhu34Vys

https://youtu.be/ZrHxLAN88Lo

Ipon.mk/В.Д.

IPON