Елмедин Сејфулаху петти на ЕП за јуниори, загуби во борбата за бронзата (ФОТО/ВИДЕО)

Sejfulahu za bronza EP 2016

Елмедин Сејфулаху (-55 кг) во борбата за бронзениот медал е поразен од Махир Амирсланов од Азербејџан со технички туш на Европското јуниорско првенство во Букурешт, Романија.

Sejfulahuu gubi za bronza 2016

Азербеџанецот по еден челинџ на 1:15 секунди од борбата поведе со 5-0, а потоа со истерување на Елмедин од душекот и со 6-0. Во наредната акција со префрлања преку себе поведе со 8-0 и 10-0, што значеше и крај на борбата.

Се очекуваше нашиот репрезентативец да влезе посилно во борбата и да граби кон бронзениот медал. На крајот Сејфулаху го освои петото место на ЕП во Романија.

Елмедин првата борба ја доби со туш над Украинецот Роман Гуцулјак при водтсво од 4-1 во втората рунда, а во четвртфиналето со техничи туш го победи Адам Патрик Грозински од Полска. Во полуфиналето се сретна со Абазгаџи Магомедов од Русија и изгуби со технички туш од Магомедов со 0-10 (0-2, 0-4, 0-6, 0-8 и 0-10).

Вториот наш борач, Рамадан Мустафовски (-84 кг), беше совладан со технички туш (12-0) од фаворитот Борис Чакулов од Русија. Но, Мустафовски не ја искористи шанасата што му се пружи во репасажот, бидејчи Русинот стигна до финалето. Мустаофвски загуби со 14-4, однонсо со технички туш од Унгарецот Бендегуж Тот и не се вклучи во борбата за бронзениот медал.

Вчера Ријад Реџепи беше поразен со технички туш (11-0) од Британецот Џорџ Ентони Рам, кој го освои првиот медал за Обединетото Кралство, искористувајќи го поволниот жреб.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО