Во понеделник се решава судбината на македонскиот бокс

BK Ohrid bokser vo kacija

Во понеделник се одржува вонсредното Собрание на Боксерската федерација на Македонија на кое треба да се избира претседател и челнови на Управниот и Надзорниот одбор.

Собранието ќе се одржи во просториите на Факултетот за физичка култура во Скопје со почеток во 12 часот.

Покрај изборот на органите на БФМ, на дневен ред ќе бидат и Делвникот за работа на Собранието и извештајот за работата на Боксерската федерација со финансиски показатели.

Пред извесно време  Иницијативниот одбор на боксерските клубови во Македонија поведоа иницијатива за свикување на вонредно Собрание, по што Управниот одбор на БФМ го закажа Собранието за 27 јуни во Скопје.

Иницијативата беше поведена поради влошената состојба во Федерацијата, а суспензијата од страна на АИБА поради неплатена членарина за две години ја прелеа чешата. Поради ова нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама не можеа да учествуваат на Светското првенство, а „Златниот гонг“ беше избришан од каленадарот ЕБУЦ.

Иницијативата ја поддржуваат речиси сите клубови, при што од ИО истакнуваат дека на вонредното Собрание имаат и кандидат за претседател.

Со последните измени на Законот за спортот на 28 март оваа година е предвидено „лицето што ја претставува федерацијата, може да биде избрано најмногу два мандати последователно и истото може повторно да биде избрано по истекот на временскиот период од најмалку еден полн мандат. Доколку во моментот на престанување на мандат на лице што ја претставува федерацијата, сметката на федерацијата е блокирана најмалку 30 дена, лицето чиј мандат престанува не може да биде повторно избрано“.

Мандатот на лицето што ја претставува федерацијата во моментот на влегувањето во сила на овој закон, му се засметува како прв мандат на кој е избранo на должноста.

Од друга страна, не се пожелни дворски игри пред одржувањето на вонредното Собрание, пред се заради боскот и боксерите, бидејќи овој наш трофеен спорт е во најголемата криза од неговото постоење. Мора со нова енергија и сили да се најде соодветното решение и да се тргне напред во создавање на нови потенцијали за големи остварувања.

Институциите не кријат дека ќе го помогнат овој трофеен спорт, само бараат решавање на кризата во Федерацијата кој трае предолго.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО