Панов: Каратистите на Урбан инвест и возвраќаат на Општина Квадарци на најубав начин

Urban invest kaj Panov juni 2016

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, организираше прием за дел од членовите на македонската јуниорска карате репрезентација од КК Урбан инвест кои на неодамна одржаното Балканско првенство во Белград освоија златен медал во женска и бронзен во машка конкуренција во кати екипно.

Urban invest na masa kaj Panov juni 2016
Женски ката тим настапи во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска, кои станаа шампиони  од 11 до 14 години. Машкиот ката тимот 11/12 години го сочинуваа Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев, кои го освоија бронзениот медал.
Градоначалникот Панов уште еднаш им честиташе на големиот успех, притоа потенцирајќи дека овие млади спортисти на најубав начин возвраќаат за вложените средства, како од Општината, така и од спонзорот.
Тренерот на клубот Ивана Аврамова рече дека оваа генерација од година во година го потврдува својот талент и полека созрева со цел наскоро да биде репрезент на македонскиот карате спорт во светот.
Претставникот на спонзорот „Урбан инвест“, директорот Александар Сеизов подвлече дека тие како компанија се горди на каратистите кои со резултатите ги потврдуваат нивните вложувања

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО