АктуелноДомашна сценаКарате

Златниот медалист од светската Младинска карате лига Марко Џорлев имаше прием кај градоначалникот Јорданов

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес организираше прием за штипскиот каратист Марко Џорлев, кој освои златен медал на престижната Карате 1 Младинска лига, одржана во Пореч, Хрватска, во категоријата до 63 килограми.

На приемот присуствуваа и Максим Арсовски, Душица Бреслиева и Никола Илиев од Таеквондо клуб Штип, кои во изминатиот период остварија значајни резултати на домашната и меѓународната спортска сцена. Заедно со нив беше и нивниот тренер Жарко Арсовски.

Градоначалникот Јорданов им честиташе на спортистите за постигнатите успеси, истакнувајќи дека тие се гордост на Штип и достојни промотори на Македонија. Благодарност упати и до тренерите Сашко и Жарко Арсовски за нивната посветеност и долгогодишна работа, благодарение на која Карате клуб Штип е еден од најтрофејните спортски клубови во државата.

Воедно, Јорданов порача дека Општина Штип и понатаму ќе продолжи да ги поддржува младите спортисти и спортските клубови преку спортски стипендии, подобрување на условите за работа и инвестиции во спортската инфраструктура, нагласувајќи дека спортот е еден од најдобрите промотори на градот и државата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON