Познатиот ММА борец Марко Бојковиќ во Скопје имаше средба со познатите каратисти Давид и Глигор Петкови

Еден од најпознатите регионални ММА борци и фитнес инфлуенсери, Марко Бојковиќ, денес престојуваше во Скопје како заштитно лице на брендот Норо, специјализиран за траки за нос кои придонесуваат за подобро дишење и поголема секојдневна функционалност.
Во рамки на неговата посетата, Бојковиќ ја посети новоотворената скопска теретана „ФР Вангуард“, и нејзиниот тим, каде оствари неформална средба со Давид и Глигор Петков, со нашите познати кратисти кои се освојувачи на бројни медали во овој спорт. Размената на искуства беше драгоцена за сите.
Во пријатна спортска атмосфера тие разговараа за спорт, дисциплина, споделување на искуства, следни борби, како и развојот на фитнес културата во Македонија и регионот.
На средбата присуствуваше и сопственикот на брендот Норо, кој е голем иноватор во спортот, подобрување на перформансите и зборуваше за важноста на правилното дишење како клучен фактор за подобри спортски резултати и побрзо закрепнување.
Посебен акцент беше ставен на улогата на боречките спортови како начин на живот, како и општо спортот е излез за многу работи во животот и неговото позитивно влијание врз младите, како и подигнување на свеста за здравите навики и физичката активност.
Посетата на Марко Бојковиќ претставува уште еден позитивен пример за поврзување на регионалната спортска сцена и поттикнување соработка меѓу спортисти, тренери и фитнес ентузијасти, со заедничка цел – промоција на спортот, здравиот начин на живот и постојаното унапредување на спортската култура.



