АктуелноКаратеОстанато

Софија Топаловска освои златен медал ААУ Националното карате првенство на САД, таа е поранешна членка на Кизаме

Младата македонска каратистка Софија Топалоска, која од неодамна живее во Нејплс, Флорида, го освои златниот медал на престижното ААУ (Amateur Athletic Union Карате натионалното првенство 2026, освојувајќи го првото место во категоријата девојчиња 10 години кумите поединечно.

Оваа година Националното првенство се одржува од 29 јуни до 4 јули 2026 година во Конгресниот центар „Бровард каунтс конвеншн центар во Форт Лодердејл, Флорида. Станува збор за најпрестижниот карате-настан во организација на Аматерската спортска унија (ААУ), кој секоја година ги собира најдобрите млади каратисти од сите делови на Соединетите Американски Држави, заедно со нивните тренери, клубови и семејства. Во рамките на шампионатот се организираат и специјализирани семинари и мастер-класови предводени од светски и олимписки шампиони, меѓу кои и олимпискиот шампион Луиџи Буза. (ААУ Трек енд филд).

Софија Топалоска до златниот медал стигна уште на првиот натпреварувачки ден, демонстрирајќи извонредна техника, дисциплина, тактичка зрелост и борбен дух во најсилната – адвансед – категорија за својата возраст.

Во сабота Софиа ќе има можност да ја збогати својата успешна приказна, кога повторно ќе настапи во дисциплината екипно борби, заедно со својот клуб.

Софија настапува за Американ спортс карате од Нејплс, Флорида, каде што продолжува успешно да ја гради својата спортска кариера. Таа е поранешен член и натпреварувач на Карате клуб Кизаме од Скопје, каде што ги направи своите први шампионски чекори, а воедно е и член на Македонската карате федерација, под чие знаме досега има освоено бројни медали и титули на домашни и меѓународни натпревари.

Овој голем успех претставува уште една потврда за нејзиниот талент, упорност и континуирана посветеност на спортот, но и причина за гордост за македонската карате јавност и за македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

На само десет години, Софија Топалоска веќе се вбројува меѓу најперспективните млади каратисти во својата генерација, а нејзиниот златен медал од Националното првенство на САД претставува значајно меѓународно спортско достигнување и одлична најава за идните предизвици и успеси.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON