Дали Конор Мек Грегор е поголем од УФЦ? Бројките зборуваат сами за себе

Конор Мек Грегор продолжува да докажува дека е најголемата ѕвезда во историјата на УФЦ, не само со своите достигнувања во октагонот, туку и со огромното влијание надвор од него. УФЦ неодамна достигна импресивни 50 милиони следбеници на Инстаграм, додека Мек Грегор е многу блиску до 47 милиони.
Разликата меѓу најголемата MMA организација во светот и еден борец е само неколку милиони луѓе – показател за обемот на популарноста на Ирецот. Со текот на годините Мек Грегор стана глобален феномен, а секоја вест за него генерира огромен интерес.
Ова јасно се гледа во реакцијата на фановите на неговото претстојно враќање во кафезот, што е меѓу најзборуваните настани во боречките спортови. Подоцна овој месец Ирецот ќе се врати во октагонот на УФЦ 329 во Лас Вегас, каде што ќе се соочи со Макс Холовеј во борба во велтер категорија.
Ова ќе биде негово прво појавување по долго отсуство и се очекува да привлече огромно внимание од фановите и медиумите ширум светот. Многумина веруваат дека интересот за враќањето на Мек Грегор би можел дури и да го надмине онлајн покривањето на други големи настани, вклучувајќи ја и галата на УФЦ пред Белата куќа.
Без оглед на исходот од борбата во Холовеј, едно е сигурно – Конор Мек Грегор останува лицето кое привлекува најголемо внимание во светот на мешаните боречки вештини.




