Од таборот на Александар Усик објаснија зашто се откажал од светските титули

Тимот на Александар Усик ги откри причините за одлуката на украинската ѕвезда да се откаже од светските титули во тешка категорија во верзиите на ВБА, ВБЦ, ИБФ и ИБО.
Според спортскиот директор на шампионот, Сергеј Лапин, одлуката е донесена имајќи ја предвид иднината на категопријата и можноста за крунисување на нов обединет шампион.
„Како спортски директор на Усик, можам да кажам дека оваа одлука е донесена имајќи ја предвид иднината на тешката категорија. Александар се откажа од титулите на организациите што го санкционираа за да му даде можност на Ентони Џошуа да се бори за нив и да ги обедини“, изјави Лапин за ЕСПН.
Тој откри и дека Усик сега гледа кон последната фаза од својата извонредна кариера.
„Целта на Александар отсекогаш била да ја заврши легендарната кариера со последни борби во САД, каде што сака да го напише последното поглавје од своето боксерско наследство“.
Лапин прецизираше дека и покрај откажувањето од четирите светски појаси, Усик ќе го задржи шампионскиот појас на списанието „Ринг“, кој во боксерските кругови често се смета за линеарна титула на најдобриот боксер во дивизијата.
Одлуката на Украинецот отвора можност за нови борби за светските титули во тешка категорија, додека самиот се подготвува за последните натпревари во професионалната кариера.



