АктуелноБалкански првенстваТаеквондо

Репрезентативците од Корио освоија 9 медали на Балканското таеквондо првенство, денес најмладите воодушевија

„Нашите најмали нинџи нинџи денес покажаа дека големината не се мери со години, туку со срцето“, истакнаа од ТК Корио по настапот на нивните најмлади репрезентативци на Балканското таеквондо првенство во Зрењанин, Србија, кое за клубот е многу успешно, освоени се девет медали.

Репрезентативците од Корио ги освоија следните медали:

Јунисри
Емилија Костовска (-49 кг) – сребрен
Павел Јовановски (+78 кг) – сребрен
Михаил Ангелевски (-68 кг) – бронзен
Пионери
Миа Јовановиќ (-40 кг) – златен
Ана Оташевиќ (-25 кг) – златен
Матеа Кукоски (-36 кг) – сребрен
Софија Оташевиќ (-35 кг) – сребрен
Андреј Николовски – бронзен
Ива Андреевска – бронзен

„Секој од нив влезе на борилиштето со огромна желба, храброст и љубов кон Македонија. Без страв, со борбен дух и со срце оставено на татамито, достојно ги бранеа боите на нашата татковина“, велат од Корио и додаваат:

„Особено сме горди што ова е најмладата генерација на нашиот клуб – деца кои денес се мали нинџи, а утре ќе бидат вистински шампиони и големи борци.

Голема благодарност до Македонската таеквондо федерација за поддршката и можноста овие млади таленти да бидат дел од Балканското првенство и да стекнуваат непроценливо искуство“.

„Ова е само почеток… Корио продолжува да создава шампиони“, нагласуваат од клубот!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON