Меѓународна сценаММА
Конор го плаши Холовеј: Не можеш да го докрајчиш противникот, не си на мое ниво

Легендарниот ирски борец и прв двократен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор, зборува за својот иден противник Макс Холовеј.
„Го победив Макс последниот пат кога се боревме. Планирам повторно да го направам истото, но на поразорен начин. Тој е жилав борец со одлични вештини.
Сепак, не е на мое ниво. Всушност, јас сум едно ниво погоре, неколку нивоа погоре – во однос на вештините – ментално, физички. Ние сме во дивизијата до 170 фунти и има неколку аспекти на тоа. Тој е активен борец.
Всушност, тој има најмногу време во октагонот – осум и пол часа, што е неверојатна количина на време. Но, за мене, тоа само значи дека не може да ги заврши луѓето. И никогаш не се борел на 170, каде што ќе се сретнеме“, рече Мек Грегор за ММА џанки.



