Александар Волкановски ја посочи грешката на Илија Топурија против Џастин Гејџи

Шампионот во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, го оцени поразот на Илија Топурија од Џастин Гејџи во главната борба на УФЦ Фридом 250.
Според Австралијанецот со макеоднско потекло, токму неговата прекумерна агресија го чинеше скапо поранешниот шампион во лесна категорија, кој го претрпе првиот пораз во професионалната кариера со технички нокаут во четвртата рунда.
„Мислам дека Илија беше премногу агресивен. Брзаше и затоа претрпе голема штета на почетокот на борбата“, рече Волкановски, цитиран од новинарот Ариел Хелвани.
Според него, Топурија бил премногу опседнат со идејата да постигне уште еден спектакуларен нокаут на големата сцена.
„Тој рече: „Ќе ја завршам. Веднаш. Ова е турнир во Белата куќа. Ми треба уште еден нокаут во првата рунда“. Можеше да се направи, но кога тој ризик не се исплати, почнувате да добивате удари и да губите енергија“.
Волкановски верува дека токму тоа се случило за време на борбата.
„Илија ризикуваше. Да ја завршеше рано, сите ќе зборуваа за тоа колку е одличен. Но, кога не го правиш тоа, ја плаќаш цената“.
Гејџи го издржа раниот притисок и постепено го смени текот на борбата, нанесувајќи му сериозни удари на Топурија пред аголот на шпанско-грузискиот борец да ја прекине борбата по четвртата рунда.
Поразот ја прекина непоразената серија на Топурија и го чинеше титулата во лесна категорија, додека Гејџи конечно го оствари својот сон да стане неприкосновен шампион на УФЦ.



