АктуелноКаратеСветски првенства

Вукашин Јовановиќ е светски универзитетски првак

Вукашин Јовановиќ во борбата златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате во Бразилија ги одмери силите со Амин Абделмалки од Белгија и славеше 2-2 (3-2).

Ова е четврти медал за Македонија, откако Стефан Стојановиќ ја отвори серијата со бронзен медал во категоријата над 84 килограми, машкиот кумите тим се закити со сребрен медал, а женскиот со бронзен.

Вукашин го круниса талентот што го покажуваше сите овие години, но и навести дека може уште многу да да даде на македонското карате.

На шампионатот учествуваат 1.500 студенти-спортисти од 50 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.

Резултати – Светско универзитетско првенство:

-67 кг Група 1
Вукашин Јовановиќ – Мартин Асерето (Чиле) 7-0
Вукашин Јовановиќ – Сирапат Чимвонг (Тајланд) 3-0
Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 5-5
2-ор во рупа
Вукашин Јовановиќ – Кабело Заморан Шоте (Шпанија) 8-0
Полуфинале
Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 8-4
Финале
Вукашин Јовановиќ – Амин Абделмалки (Белгија) 2-2 (3-2)

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON