БоксПрофесионален

Џо Џојс закажа меч во Москва следниот месец

Британскиот тешкаш Џо Џојс се враќа на рингот по повеќе од една година отсуство и пораз од Филип Хрговиќ.

Сребрениот медалист на Игрите во Рио ќе се натпреварува на 11 јули на настан во Москва против домашниот борец Артем Сусленков за континенталната титула на ВБА.

Непоразениот Сусленков е 30-годишен тешкаш од Волгоград кој има 14 победи, а меѓу другите ги победил и Агрон Смакиќи, Кристијан Хамер, Џек Муловаји, Артур Ман…

Британскиот оддел за култура, медиуми и спорт им кажува на „британските спортисти да не патуваат во Русија за спортски настани, сè додека трае воената кампања во Украина“.

Џојс тврди дека е многу возбуден што оди на настанот во Русија, кој ќе биде во центарот на вниманието со борбата меѓу Мурат Гасиев и Тони Јока, и се заблагодари на ИБА за поканата и најави одличен настап.

Британскиот борец победи само еднаш во последните пет настапи. Тој има два порази против Жилеј Жанг, потоа го победи Каш Али, па загуби од Дерек Чисора и минатиот април од Филип Хрговиќ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON