АктуелноКаратеСветски првенства

Вукашин Јовановиќ е во големото финале на Светското универзитетско првенство во карате

Вукашин Јовановиќ ќе се бори за златен медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате.

 Јовановиќ во главниот град на Бразил, Бразилија, во борбата за златниот медал силите ќе ги одмери со Амин Абделмалки од Белгија.

Во групната фаза Јовановиќ забележа две победи и еден несреќен пораз против Иранецот Хосеун фафа на прв освоен поен, бидејќи средбата заврши 5-5. Но, во полуфиналето му се реваншира на најубав начин победувајќи го со 8-4.

Ова е втор медал за Македонија по бронзениот медал што вчера го освои Стефан Стојановиќ во +84 кг.

Борбата за шампионската титула е во петок. Денес се екипните настапи.

Шанса за медал имаа Јована Мицовска, Љупче Михајлов и Данило Божовиќ

„Македонските каратисти и денеска покажаа висок квалитет и конкурентност. Дури
четворица наши репрезентативци успешно ја поминаа групната фаза од натпреварувањето
и се пласираа во четвртфиналето, каде што за жал беа запрени во борбите за медал“, вели селекторот Бошко Заборски.

На шампионатот учествуваат 1.500 студенти-спортисти од 50 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.

Резултати – Светско универзитетско првенство:

-55 кг Група 1
Рудина Алиу – Фатамах Јусеф Данави (Иран) 2-4
Рудина Алиу – Камала Мирели Медеирос да Силва (Бразил) 1-4
Рудина Алиу – Глорија Росендо (САД) 8-0
3-та во групата

61 кг
Јована Мицовска – Јинг Жанг (Кина) 0-9
Јована Мицовска – Ева Отеро Лунего (Шпанија) 1-2
¼ финале
Јована Мицовска – Маријем Ајарај (Белгија) 1-4
2-ра во група

-67 кг Група 1
Вукашин Јовановиќ – Мартин Асерето (Чиле) 7-0
Вукашин Јовановиќ – Сирапат Чимвонг (Тајланд) 3-0
Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 5-5
2-ор во рупа
Вукашин Јовановиќ – Кабело Заморан Шоте (Шпанија) 8-0
Полуфинале
Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 8-4
Финале
Вукашин Јовановиќ – Амин Абделмалки (Белгија)

75 кг Група 4
Љупче Михајлов – Микита Дубина (Белорусија) 6-7
Љупче Михајлов – Џајанду Атанајаке (Австралија) 1-0
2-ор во група
¼ финале
Љупче Мијахлов – Хуна Клопез Хуст (Шпанија) 2-3

-84 кг Група 2
Данило Божовиќ – Абдурахман Алхарајаси (Саудиска Арабија) 4-1
Данило Божовиќ – Јуканг Јин (Кина) 5-0
1-во група
¼ финале
Данило Божовиќ – Алехандро Дијаз Хименез (Шпанија) 4-4

Борби жени
Македонија – Австралија 1/8 финале

Борби мажи
Македонија – Јужна Африка ¼ финале

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON