Делириум пред Белата куќа! Гејџи го обезличи Топурија во едно од најголемите изненадувања во историјата на УФЦ!

Џастин Гејџи го постигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи ја титулата во лесна категорија.
Првите две рунди му припаднаа на Топурија, демонстрирајќи извонредна боксерска техника. Во втората рунда речиси се гледаше крајот на Гејџи.
Но едно силно кроше во третата рунда го промени текот на борбата. Никогаш така не бил потресен Топурија. На паузата судијата сакаше да ја прекине борбата.
Во четвртата Гејџи продолжи со иницијативата, но и Топурија контрираше, а при крајот се обиде со соборувања. Во вториот обид не успеа, Гјеџи одлично се одбрани и му зададе удари и со рака и со колено, кои го принудија лекарот на паузата да ја прекине борбата.
Ваков ќотек досега не јадел Топурија. Ова е неговиот прв пораз во кариерата.
ILIA TOPURIA SAYS IT'S OVER IN HIS CORNER 🤯
JUSTIN GAETHJE IS THE NEW LIGHTWEIGHT CHAMPION OF THE WORLD 👑 pic.twitter.com/7w6wAAcjrY
— Source of Boxing (@Sourceofboxing) June 15, 2026
JUSTIN GAETHJE BEATS ILIA TOPURIA
ILIA COULDNT GET OFF THE STOOL#UFCWhiteHouse https://t.co/iJJbF61WEe
— Dovy🔌 (@DovySimuMMA) June 15, 2026
JUSTIN GAETHJE JUST BEAT ILIA TOPUIRA 😱 pic.twitter.com/tfip96Yrai
— Happy Punch (@HappyPunch) June 15, 2026
Поранешниот американски шампион во бантам категорија Шон О’Мели го победи Канаѓанецот Аиман Захаби со технички нокаут во втората рунда.
Американскиот дуел во тешка категорија меѓу Џош Хокит и Дерик Луис привлече посебно внимание.
Непоразениот 28-годишен неверојатен Хок убедливо стигна до десетата победа. Хокит доминираше во борбата на партер, а во втората рунда ја заврши работата.
Минута пред крајот на рундата го собори Црниот ѕвер со брилијантна боксерска комбинација и ја потврди доминацијата со уште неколку удари од горна позиција.
Маурицио Рафи убедливо стигна до 14-тата победа во кариерата. Бразилскиот борец во лесна категорија го победи Мајкл Чендлер со технички нокаут половина минута пред крајот на првата рунда.
Рафи употреби спининг заден удар за да го собори Американецот, кој падна на колена, а потоа употреби уште неколку удари за да го принуди судијата да ја прекине борбата, спасувајќи Мајкл кој го доќивеа шестиот пораз во последните седум борби.
Во уште еден американски меч во средна категорија Бо Никал на 26 секунди до крајот на рундата со технички нокаут го победи Кајл Даукаус.
Никал го зграпчи Даукаус со преден удар и го собори на подот со брза боксерска комбинација. По неколку удари од горна позиција судијата ја прекина борбата.
На отворањето на историскиот настан во Вашингтон, Диего Лопез во меч во перо категорија со нокаут го победи Стив Гарсија.
Резултати УФЦ Фридом 250:
Џастин Гејџи – Илија Топурија со ТКО Р4, 5:00
Сирил Гане – Алекс Переира со ТКО Р2, 1:27
Шон О’Мели – Ајеман Захаби со ТКО Р2, 4:02
Џош Хокит – Дерик Луис со ТКО Р2, 4:09
Маурицио Рафи – Мајкл Чендлер со ТКО Р1, 4:29
Бо Никал – Кајл Даукаус со ТКО Р1, 4:34
Диего Лопез – Стив Гарсија со нокаут Р2, 2:42



