АктуелноБоксПрофесионален

Алексанадр Усик ќе се бори со Дионтеј Вајлдер

Алексанадр Усик го избра поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, за следен противник, потврди во саботата промоторот Еди Херн на ДАЗН. Договорот доаѓа само еден ден откако Усик се откажа од трите титули во тешка категорија – ВБА, ВБЦ и ИБФ.

Објавата дојде пред борбата за обединета титула до 145 фунти меѓу Ксандер Зајас и Џарон Енис – Буц во Барклис центарот во Бруклин. Херн му потврди на Крис Маникс од ДАЗН дека договорот е склучен.

Непоразениот Усик на конгресот на ВБЦ во Тајланд во ноември рече дека сака да го додаде шампионот Вајлдер на списокот на поразени противници. На тој список веќе се наоѓаат двократните шампиони Ентони Џошуа, Тајсон Фјури и Даниел Дубоа.

Намерата на Украинецот е да ги победи сите големи тешкаши од неговата ера. Со победа над Вајлдер, кој има импресивен скор од 43 победи (42 со нокаут) наспроти само 4 порази, Усик би го зацврстил својот статус како еден од најголемите тешкаши во историјата на боксот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON