АктуелноДомашна сценаКарате

Марко Џорлев: Златниот медал го посветувам на дедо ми! Верувам дека ќе изборам пласман на СП и ќе атакувам на светското злато!

Освојувачот на златниот медал на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хрватска, Марко Џорлев од КК Штип, вели во изјава за Ипон.мк:  

„Најпрво, благодарам на Бог што ми го отвори патот за освојување на овој златен медал!

Се чувствувам прекрасно. Ова е навистина голем успех за Македонија и за мојот град Штип“.

Џорлев наведува дека настапувал во категорија -63 кг во кадетска конкуренција во која се натпреварувал и лани на светската Младинска лига во Пореч и освоил бронза.

„Сега успеав да дојдам до првото место и златниот медал. Сакам да изразам голема благодарност до моите тренери Жарко и Сашко Арсовски кои од првите мои чекори во каратето, па се до денес беа со мене и го трасираа патот до моите постигнувања денес. Голема благодарност и до моите родители кои секогаш се мојата најголема поддршка. И овој пат беа со мене и ме бодреа од трибините“, вели Џорлев и додава:

„Сакам да нагласам дека јас сум првиот Македонец кој освоил златен медал на Светската лига во Пореч. До златниот медал стигнав низ навистина исцрпувачки шест борби. Победив репрезентативци на Португалија, Германија, Словачка, Србија, Италија и во финалето Украинец.

Златен медал за Марко Џорлев на светската Младинска карате лига во Пореч

Заедно со тренерот Жарко направиме многу добра тактика која ја спроведов на дело и така, ги победив сите противници. Бев сигурен во себе и доминирав во сите борби“.

Марко вели дека ова е мотивација за уште повеќе тренинг и напорна работа за најголеми успеси.

„И за крај, сакам да кажам дека овој медал го посветувам на мојот дедо Петре Поповски, кој, за жал, почина на денот пред да тргнам за Пореч. Тој беше еден од моите најголеми поддржувачи и многу се радуваше на секој мој успех“, истакнува Џорлев и нагласува:

„Сега следува краток одмор, по кој веднаш продолжувам со тренинзите и подготовките за Државното изборно првенство за Светско првенство во Полска во октомври, каде верувам дека ќе изборам пласман и повторно ќе имам можност да атакувам на светско злато“!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON