АктуелноМеѓународна сценаММА

Нинџицу клубот Битола најуспешен на „Октагон“ во Ставрос – Кирил Стефановски славеше во главната борба на вечерта

Нинџицу клубот Битола викендов синоќа на Меѓународниот турнир Октагон во Ставрос, Грција, од летната серија во ММА и граплинг забележа 8 победи и 2 порази, една победа во граплинг, и е прогласен за најуспешен клуб на турнирот.

Во главаната борба на вечерта Кирил Стефановски го совлада Гркот Танос Караманолис.

„Во супер квалитетна борба Кирил го доби домашниот борец Танос Караманолис со судиска одлука 2-1 во рунди. Во првата рунда со тотална доминација на бокси борење на жица и ГНП на партер  покажа квалитет, Втората рунда поради борење и контрола му припадна на Танос, а во третата Кирил Стефановски повторно издоминира во борење во кафез и тука ја доби борбата“, вели тренерот Сашко Мирчевски.

Тој истакнува дека искусниот борец Трајче Мицевски го доживеал првиот пораз, кој до оваа борба имал аматерски скор 10-0 и 1-0 професионален биланс. Борбата ја изгубил со судска одлука од доста добар млад борец Кристофорос Анастазио. Миречевски вели дека противникот заслужено ја добил борбата, истакнувајќи дека по ова Трајче Мицевски сигурно ќе се врати многу посилен.

„Прв пораз и за Валентин Илиевски кој пред себе имаше најмалку 10 кг потежок противник и тоа беше клучен фактор, но и добра лекција дека во ММА наоѓање на вистинската тежинска категорија и спуштање на килажата е премногу битен момент во самиот спорт. Добра лекција и 6-1 за Валентин Илиевски во аматерска ММА конкуренција. По ова ќе корегира некое моменти и продолжуваме напред посилни“, истакнува Мирчевски.

На настанот учествуваа 160 спортисти од 10 земји: Грција, Бугарија, Македонија, Косово, Албанија, Сирија, Кипар, Ерменија и Унгарија, кои се натпреваруваа во вкупно 70 борби во Октагон ММА, Октагон граплинг и Октагон страјукинг.

Резултати Октрагон – Ставрос летна серија:

Иван Апостоловски – Џијани Безанидис (Грција) деца – победа со судиска одлука
Мартин Петровски – Кристос Безанидис (Грција) деца – победа со гушење одзади
Филип Трифуновски – Димитрис Клисијарис (Грција) кадети – победа со одлука
Јован Којдовски – Дрилон Ќороли (Албанија) јуниор – победа со судиска одлука
Јован Којдовски – (Грција) јуниор – победа со гушење одзади
Дарио Талевски – Антео Чука (Албанија) сениори – победа со завршница (лост)
Кристијан Станојковски – Василис Василареас (Грција) сениори – противникот ја отакажа борбата
Валентин Илиевски – Џијанис Карабелијас (Грција) сениори – пораз со одлука
Трајче Мицевски – Кристофорос Анастасиу (Грција) сениори – пораз со судиска одлука
Игор Додевски – Тед Шабани (Албанија) сениори – победа со судиска одлука

Главна борба на вечерта
Кирип Стефановски – Танос Караманолис (Грција) сениори – победа со судиска одлука 2-1

Граплинг
Филип Божиновски – Андреас Димитриадис (Грција) победа со завршница на кимура

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON