Марко Џорлев е во финалето на светската Младинска карате лига во Пореч

Марко Џорлев од КК Штип е во финалето на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хравтска.
Џорлев во финалето до 63 килограми во кадетска конкуренција ќе се бори со Украинецот Иван Маценко.
Марко на патот до финалето забележа пет победи.
Ова е финале со кое Џорлев ја потврдува својата класа и дека е на рамниште на најодбрите светски каратисти во оваа конкуренција
Вкупниот број на учесници е 2720 каратисти со 2765 натпреварувачки влезови од 69 држави во светот.
Резултати Карате 1 Младинска лига Пореч:
Кадети
-63 кг
Марко Џорлев – Педро Мораиш (Португалија) 2-0
Марко Џорлев – Дањел Нешковиќ (Германија) 7-0
Марко Џорлев – Рене Пирчак (Словачка) 3-0
Марко Џорлев – Марко Савиќ (Србија) 2-0
Марко Џорлев – Гаетано Сортинауло (Италија) 6-4
Финале
Марко Џорлев – Иван Маценко (Украина)



