БоксПрофесионален

Вилијам Скул се врати на победничките патеки со победа во Германија

Поранешниот светски шампион во супер средна категорија на ИБФ, Вилијам Скул, се врати на победничките патеки откако го победи Венецуелецот Евандер Кастиљо на гала вечер во Есен, Германија.

34-годишниот Кубанец ја контролираше борбата и го собори Кастиљо со силно десно кроше во четвртата рунда. Кратко потоа, аголот на Венецуелецот се откажа, со што борбата заврши.

Скул на тој начин ја забележа 23-тата победа во професионалната кариера и ја прекина својата серија од два порази.

Во октомври 2024 година Скул ја освои испразнетата титула во ИБФ откако го победи Владимир Шишкин, но во мај 2025 година, го загуби појасот од Сол Алварез – Канело. Порано оваа година тој доживеа изненадувачки пораз со технички нокаут од Данецот Јакоб Банк.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON