Златен медал за Марко Џорлев на светската Младинска карате лига во Пореч

Марко Џорлев го освои златниот медал на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хравтска.
Каратистот на КК Штип во финалето до 63 килограми во кадетска конкуренција злавеше против Украинецот Иван Маценко 4-3.
Марко на патот до финалето забележа пет победи и најзначајната, шесттата, ја забележа во финалето.

Со ова злато Џорлев ја потврдува својата класа и покажа дека е на рамниште на најодбрите светски каратисти во оваа конкуренција
Вкупниот број на учесници е 2720 каратисти со 2765 натпреварувачки влезови од 69 држави во светот.
Резултати Карате 1 Младинска лига Пореч:
Кадети
-63 кг
Марко Џорлев – Педро Мораиш (Португалија) 2-0
Марко Џорлев – Дањел Нешковиќ (Германија) 7-0
Марко Џорлев – Рене Пирчак (Словачка) 3-0
Марко Џорлев – Марко Савиќ (Србија) 2-0
Марко Џорлев – Гаетано Сортинауло (Италија) 6-4
Финале
Марко Џорлев – Иван Маценко (Украина) 4-3



