Жарко Арсовски за златниот медал на Марко Џорлев: Се вратив пресреќен! Ова е само почеток на успесите!

„Тукушто се вративме од светската Младинска лига за кадети и јуниори во Пореч-Хрватска“, вели тренерот на КК Штип чиј каратист Марко Џорлев го освои златниот медал во категоријата до 63 килограми во кадетска конкуренција и додава:

„Карате клубот Штип настапи со двајца каратисти, Џем Пашов и Марко Џорлев. Јас, како тренер, бев со нашите каратисти и морам да кажам дека се вратив пресреќен. Фактот дека од цела македонска делегација единствено Марко Џорлев се врати со медал, и тоа не каков било, туку златен, при добиени 6 борби во еден здив“.
Марко Џорлев е во финалето на светската Младинска карате лига во Пореч
Жарко вели дека квалитетот на Карате клубот Штип, тој и брат му Сашко, како тренери, останува безвременски.

„Со исто темпо ќе продолжиме да градиме шампионска атмосфера за штипското и македонското карате. Сè уште ги очекуваме честитките од Македонската карате федерација која со задоволство и чест ја претставуваме на меѓународната сцена. Сакам да се заблагодарам на брат ми Сашко за безрезервната соработка, на Марко Џорлев за големата пожртвуваност во текот на борбите, кога му беше најтешко. Имаше моменти кога навистина ситуацијата беше пренапната. Благодарност до неговите родители кои секогаш го пратат и бодрат од трибините. И голема благодарност до неговите клупски другари кои беа покрај Марко кога ние бевме на таеквондо првенства со нашите најдобри таеквондисти на Европско клупско и Балканско првенство. Голем поздрав до цела македонска јавност и една порака до сите, ова се само кадети, ова е само почеток на успесите на нашите најдобри каратисти“, вели Арсовски.



