Буна Шерифи беше на чекор до борба за медал на Карате 1 Младинската лига во Пореч

Од денешните натпревари на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хравтска, во У-14 ќе го издвоиме настапот на Буна Шерифи која забележа три победи, а во четвртата беше поразена од Украинката Дијана Хариута при нерешен резултат 7-7, но првиот освоен поен беше пресуден за победата и пласман во полуфиналето.

За жал, нашата каратистка не доби шанса во репасажот бидејќи Украинаката во полуфиналето беше поразена од Хрватката Луција Сцуриќ со 0-6. Хариута го освои бронзениот медал со победата над Хана Стодарт од Англија 5-1, а Хрватката го освои првто место.
Карате 1 Младинска лига – Пореч:
У-14
-42 кг
Буна Шерифи – Флорина Геци (Косово) 6-2
Буна Шерифи – Лидија Стаматаки (Грција) 4-0
Буна Шерифи – Дарина Астапова (Украина) 5-3
Буна Шерифи – Дијана Хариута (Украина) 7-7
Фото: Фејсбук



