На Бени Османоски му се плашат противниците и ги откажуваат борбите, тој е подготвен за битка

Beni rejdi for vor 2016

Во сабота за Бени Османоски е пред уште еден предизвик на „Рејди фор вор“ во Цирих-Швајцарија, откако пред некое време ја освои светската титула во К-1 во врезија на ИСКА.

Борбата против шампионот секогаш е предизвик за предизвикувачите.

„Па, да кажам, борбата што ја имав за светска титула не мора да значи ништо за оваа средба. Тоа беше само уште една светска титула во мојата кариера која ќеј а бранам идната година во април. А јас, веќе 11 пати сум шампион во боречките спортови. Секој мој противник го знае тоа и така добива шанса да се бори против мене, како на пример овој противник е светски шампион во К-1 до 90 кг во ВКУ. Но ич не мислам за тоа, подготвен сум да се борам со секого“, вели Османоски.

Beni rejdi for vor 2016

Можеби оваа борба доаѓа во незгоден момент за нашиот борец, бидејќи тој е голем верник и сега ги прави рамазанските пости, и дали тоа нема да се одрази на формата.

„Што се однесува до постот, јас сум голем верник и не го откажав ни за момент. Со душа и срце го постам муслиманскиот месец Рамазан и ништо друго не ми беше поважно од тоа. Со помош на Господ подготовките беа супер како и за секоја борба топ сум подготвен“, тврди Османоски.

Во неговите очекувања секогаш е со респект за противникот и верува во себе.

„Што ќе биде во ринг, тука не се знае, но јас одам на победа и на ништо друго. Инаку да кажам дека имав друг противник пред овој сега, но ја откажа борбата. Исто така беше на мое ниво, ама ете, не беше маж да се справи со мене и од непозната причина ја откажа борбата. Потоа добив покани за некои други борци, со кои ми беше без врска да се борам со нив, кои не беа на некое ниво. Така што, такви борби не прифаќам, само без врска да повредам некого. Еве, добив добар противник со кој ќе се видеме во петок, на 24 јуни на мерењето. До тогаш, поздрав до сите што ме подржуваат и што не ме подржуваат, затоа што на некој начиин и тие што ме мразат не се свесни, но многу ме подржуваат“, истакнува Османоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО