АктуелноДруги вештиниПеливанско борење
Пеливаните освоија пет медали на силниот турнир во Косово (ФОТО)
Пеливаните се покажаа во одлично светло на во неделата на силниот Меѓународен турнир во традиционално пеливанско борење во Косово.
Дејан Митров, А.Арсов, Орхан Ибрахими, Самир Ибраими и Рамазан Бакија покажаа дека се нашите најдобрите пеливани, освојувајќи пет медали.
„Голема борба се водеше меѓу двајца наши познати тешкаши, Бобан Данов и Мухамед Вејсели, кои беа и доста атрактивни за публиката. Исто така и нашиот најдобар баш пеливан, Рамазан Бакија, се покажа дека е во добра форма“, изјави Хамид Бакија од Пеливанската федерација на Македонија.
Ipon.mk/В.Д.








