По ВБЦ и ИБФ забрани учество на професионалците на Олимписките игри во Рио

Entoni Dzosua

По ВБЦ и ИБФ се огласи дека ќе ги санкционира боксерите што ќе учествуваат на Олимпиксите игри во Рио, односно дека ќе ги загубат титулите на оваа организација.

Пред отприлика две недели ВБЦ и се закани на своите боксери со двегодишна забрана за борби во која и да е зона на Организацијата, ако земеат учество на Олимпијадата во Рио. Меѓународната организација е цврсто против тоа професионалните боксери да се натпреваруваат за медал на Игрите во Бразил. Причината е опасноста од сериозни повреди кои можат да се добијат, но до профитот.

„Да спротиствиш аматер и профеисоналец е како да се сретнат маратонец и спринтер на 100 метри. И двајцата се тркачи, но се натпреваруваат во различен спорт и дисциплина. Во кошарката, тенисот или фудбалот има слично ривалство. Разликата со боксот е дека кај нас нема голови, кошеви или поени. Боксот не е игра. Тоа е боречка вештина и ако нивото на ривалство не е подеднакво, може да биде многу опасно“, се вели во дел од материјалот објавен на страницата на ВБЦ.

Genadi Golovkin - rosondo

Организацијата му се заканува на секој боксер, кој е носител на нејзин појас или е во ранг листата на Топ 15 за одредена категорија, со две години прекин на право за учество 6 турнири и галавечер под нејзина капа.

Од ИБФ велат дека постои ризик за безбедност професионалците да боксираат со аматерите. Оние професионалци кои немаат титули во ИБФ, а ќе се натпреваруваат во Рио ќе им биде одземен ранкингот на една година.

Инаку, на професионалните боксери за прв пат во историјата и се овозможи да настапат на ОИ во Рио, откако Интернационалната боксерска асоцијација го одобри правилото минатиот месец.

„Сметаме дека ИБФ треба да се спротивстави на оваа одлука поради безбедноста, бидејќи овој спорт треба да промовира здравје кај боксерите“, изјави претседателот на ИБФ, Дерил Пиплс.

Ентони Џошуа, Џејмс Дегејл, Кел Брук и Генади Головкин се соптсвениците на титулите во ИБФ, но, најверојатно, никој од нив нема да настап во Рио.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО