Спартак живна на показниот тренинг со Љубиша Пешко (ФОТО

Pesko pokazuva Spartak juni 2016

Денеска во салата на БК Спартак беше раздвижено и се почувтствува духот на деновите кога салата беше полна и кога се разговараше дали ќе се освои титулата и колку борачи ќе бидат шампиони на Македонија. Поранешниот борач и тренер Спартак одржа тренинг, Љубиша Пешко, со борачи од Вардар, како и поранешниот тренер и борач на клубот Насе Насев.

Pesko demonstrira Spartak 2 juni 2016

Тука е Иван Викиќ кој се подготвува за ММА натпревар во Сплит, Хрватска, во сабота, инаку член на Спартак. Најмногу придобивки од денешниот показен тренинг имаа најмладите, пред се големата надеж на кочанското борење Столе Ефтимов, како и Стефан Пешко.

Pesko boraci Spartak juni 2016

Секако, ова беше голема можност и за тренерот и борач Александар Павлев да научи напредни зафати кои се применуваат на свестката сцена, како и за борачите Ане Кировски, Стојанчо Стојчев и другите.

pesko vo spartak juni 2016

Можеби ова се сигнали за постепено враќање на кочанското борење на старите патеки.

Pesko zafat Spartak juni 2016

Pesko boraci Spartak juni 2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО