Бошко Стаменковски по светски стана и европски шампион, наредна цел е СП во Србија, но…! (ФОТО/ВИДЕО)

Bosko Stamenkovski pauer lifting

Светскиот шампион во „пауерлифтинг“, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, стана и европски првак пред некој ден на Европското првенство во Финска, подигнувајќи тежина од 130 килограми во категоријата М2-75.

Сепак, има едно ама, не од натпреварувачки аспект, туку од финансиски. Таа е потешка борба од онаа со тежините, затоа бара да има разбирање за овој спорт, но и респект кон неговите резултати, кои се импресивни.

Bosko stamenkovski stoi

Бошко Стаменковски лани во Лас Вегас освои златен медал во категоријата „бенч прес“ до 75кг М1 и стана првиот Македонец кој постигнал ваков успех во оваа дисциплина.

Тој е балкански рекордер, а има злато и од Европско првенство. Секако, тој сака да продолжи со успесите на големите шампионати, по успехот на ЕП во Финска.

Bosko Stamenkovski so plavusa

Тој постојано истакнува дека не добил помош од институциите за настап на Европското првенство во Финска, но тоа не го обесхрабрува. Стаменковски преку социјалните мрежи сега бара спознорства и донации за Светското првенство во Србија.

„Се подготвувам за 20 септември на Светското првенство во Књажевац, Србија, да соборам светски рекорд категоријата до 67,5 килограми“, изјави Стаменковски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО