Петра Матијашевиќ на прием во АСМ: Ќе освојам и златен медал за Македонија!

Petra vo ASM stojat 20.6.2014

Носителот на бронзениот медал од Европското првенство во таеквондо во Монтре, Швјацарија, репрезентативката Петра Матијашевиќ имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Матијашевиќ го освои првиот медал за Македонија на европските првенства, а со тоа се запишавме во листата на освојувачи на медали од големите меѓународни натпревари.

Директорот Спасески ѝ го честита освојувањето на бронзениот медал на Матијашевиќ, истакнувајќи дека успешноста на македонското таеквондо е подигната на повисоко ниво со запишувањето во листата на земји кои освоиле европски сениорски медал.

Petra vo ASM 20.6.2014
Спасески осврнувајќи се на успесите на македонското таеквондо, додаде дека Матијашевиќ која неполна година настапува за Македонија, веќе ги донесе првите резултати за нашата земја.

– Петра Матијашевиќ, која скоро неполна година настапува за Македонија, веќе ги донесе првите резултати за Македонија и верувам дека ќе придонесе многу во развојот и промоцијата на таеквондото во нашата земја. Таа е со сигурност во европскиот и светскиот врв и е вистинска штета што не доби покана за настап на Олимписките Игри во Рио. Резултатите на Петра, но и на останатите наши натпреварувачи, кои во изминатиот период освоија медали на меѓународните турнири, покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци – истакна Спасески и потенцираше дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија каде годинава за меѓународната програма и за стручната работа на тренерите беа доделени вкупно 750.000 денари, а дополнително, за реализација на проектот „Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 40.000 денари – заврши директорот на Агенцијата за млади и спорт, Спасески.

Петра Матијашевиќ се заблагодари за приемот од страна на Директорот Спасески и истакна дека ѝ претставува чест што настапува за Република Македонија и додаде дека во иднина ќе даде сè од себе да донесе златен медал од наредните европски и светски првенства во таеквондо.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО