Тимот на Малдонадо вложи жалба на резултатот со Федор Емилијаненко

Fabio Maldonado Fedor lice v lice

Фабио Малдонадо не беше далеку да ја заврши легендата Федор Емилијаненко за време на ЕФН 50 во Санкт Петербург во петокот, пред судиите да досудат победа за Русинот на поени. Одлука која предизвика многу дискусии.

Еден од судиите досуди нерешено (28-28), додека другите двајца му дадоа минимална предност на „Последниот император“ – 29-28, а првата рунда ја бодувале само 10-9 за Бразилецот. И покрај фактот дека Малдонадо за малку не го нокаутира противникот.

Менаџерот на Бразилецот, Стефано Сартори, се огласи со официјално соопштение со кое потврдува дека од шатбот на Малдонадо ќе бара ревизија на резултатот до ММА Советот на Русија, кој ги назначи судиите за средбата.

„Многу сме задоволни од претставувањето на Фабио. Во кафезот тој направи се што мораше да направи. Една од нашите главни цели беше да покажеме пред светот каков борец е тој и што може да покаже кога е сто проценти фокусиран. Мислам дека успеавме да го направиме тоа. Сепак, чувствуваме дека отидовме таму на победа, а судиите ни ја одзедоа. Промоторот не се согласува со резултатот од мечот, истото важи и за повеќето борци, кои беа таму. Првата рунда видливо беше 10-8 за нас. Во втората Федор го постигна оспоруваниот резултат од 10-9, додека третата рунда беше многу спорна, но, сепак, сметаме дека Малдонадо постигна подобри удари. Натпреварот беше барем нерешен, затоа официјално ќе поднесеме жалба до рускиот ММА Совет, барајќи ревизија на резултатот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО