„Подготвен сум да земам пушка и да умрам за Алах во Палестина“: Еве што зборуваше Чимаев во кафезот, а кој не беше преведен

На крајот на текстот можете да го најдете целото видео со превод на говорот на Хамзат на чеченски јазик

Во Абу Даби Хамзат Чимаев оствари важна победа, кога по три рунди со одлука го победи Камару Усман. Победата не беше лесна, но беше заслужена и само тоа е важно. Неговиот следен чекор треба да биде шанса за титулата, а наскоро ќе дознаеме повеќе за тоа.

Хамзат воодушевен од говорот што го одржа по борбата на англиски јазик и порача дека сите христијани, муслимани и Евреи треба да се обединат и да не дозволуваат тоа што се случува во светот, мислејќи на војни и убиства. Тогаш Хамзат го зеде микрофонот и кажа неколку реченици на чеченски, кои не беа преведени. Луѓето беа заинтересирани за она што го кажа Камзат, а Џексон Хинкл понуди превод на Твитер.

„Алах да биде задоволен од сите вас Чеченци, Аллах да ви даде сила на сите. Многу од вас дојдовте овде денес, а многу од вас гледате дома. Претседателе (Кадиров), Аллах да биде задоволен од тебе, да ти даде сила. Да стоиш овде и да се бориш овде (во УФЦ) не е тешко. Ако Алах ми дозволи, се колнам, ќе одам таму како првиот човек од Бога што ќе ми даде пушка и ќе ми дозволи да одам во Палестина. Аллах да биде задоволен од тебе. Се колнам, не сум воспитан да бидам овде облечен во шорцеви. Дали вие Чеченците знаете дека срцето што го имаме во нашите тела… Ако добијам дозвола да се борам за Алах, подготвен сум да умрам за Него. Не се плашам од смртта како што се плашам за нашите браќа муслимани“, рече Хамзат.

Видеото со превод е тука:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО