Клубовите на МТТФ освоија 20 медали на таеквондо турнирот „Србија опен“, Миа Танеска најдобра кадетка

Изминатиов викенд клубовите на Македонската традиционална таеквон-до федрација освоија 20 – 6 златни, 4 сребрени и 10 бронзени медали на Меѓународен ИТФ турнир А класа „Србија опен“ во Нови Сад.

На овај натпревар учество зедоја 45 клуб од 15 земји, над 400 натпреварувачи.

Освојувачи на медали се:

Миа Танеска 1 место спаринг борби +40 кг. девојчиња 10-11 год. 1 место форми за зелен појас девојчиња 10-11 год. Пехар за најдобра кадетка, девојчиња 10-11 год.

Елена Јанеска 1 место спаринг борби -70 кг. јуниорки 16-17 години. 2 место форми за црн појас први дан, јуниорки 16-17 години.

Трифуноска Анастасија 1 место форми за жолт појас девојчиња 12-13 год. 3 место спаринг борби -50 кг. девојчиња 12-13 год.

Марио Крстески 1 место форми за црвен појас, сениори 18-35 год. 3 место спаринг борби -57 кг. сениори 18-35 год.

Софија Колушоска 1 место форми за црвен појас, јуниорки 14-15 години.

Давид Крстески 2 место спаринг борби -63 кг. јуниори 16-17 години.

Климент Богоески 2 место спаринг борби -60 кг. јуниори 14-15 години. 3 место форми за плав појас, јуниори 14-15 години.

Михаил Јоноски 3 место спаринг борби -69 кг. јуниори 16-17 години. 3 место форми за плав појас, јуниори 14-15 години.

Лука Тодороски 3 место спаринг борби -63 кг. јуниори 16-17 години 3 место форми за плав појас, јуниори 16-17 години.

Даријан Китаноски 3 место спаринг борби -60 кг. деца 12-13 год. 3 место форми за зелен појас деца 12-13 год.

Тамара Тодороска 2 место форми за жолт појас девојчиња 10-11 год.
Михаил Крстаноски 3 место спаринг борби -45 кг. деца 12-13 год.

„Миа Танеска, на која и е идол Христијана Парулеска, е најголемото изненадување за нас. Таа во рок од две седмици се закити со 3 златни емдали и пехар за најдобра кадетка 10-11 години. Се натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години спаринг + 50 кг и форми девојчиња 10-11 години зелен појас, освојувајќи го првото местово двете категории. Со тоа го заслужи пехарот за најдобра кадетка во нејзината возрасна категорија, со што покажа дека е доследна на својот идол, а во иднина можеме да очекуваме уште многу поголеми успеси од нејзина страна.

Марио Крстески кој штоуку влезе во сениори, полека се приближува за критериум за учество на наредното Европско првенство, освојувајќи златен медал во форми сениори за црвен појас и бронза во борби сениори -57 кг.

Елена Јанеска, нашата репрезентативка, која беше и судија и натпреварувач, иако напорно, во стилот на големите мајстори се закити со два медали – злато во борби јуниорки 16-17 години -70 кг,и сребро во форми за црн појас први дан јуниорки 16-17 години.

Додека нашата Христијана Парулеска учествуваше како судија, поради повредата на Светското првенство и неможноста да натпреварува, која за жал уште треба да се санира.

Истотака одлични се претставија сите наши претставници со што вкупно освоија 20 медали од кои 6 златни, 4 сребрени,10 бронзени медали, со што покажаа и ја оправдаја довербата што им беше дадена при изборот на натпреварувачи“, изјави Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО