Добри вести за Рајан Гарсија: Оправдан е за употреба на една од супстанците во урината

По победата над Девин Хејни Гарсија беше вмешан во допинг скандал пред споменатата борба, која се одржа на 20 април.

Денеска добивме информација дека една од забранетите супстанци, нандролонот, не ја користел Американецот и неговото известување било грешка на системот.

И покрај оваа добра вест за Гарсија, сепак, се соочува со казна бидејќи се очекува детално да се проверат примероците од типот „Б“. Се очекува до 22 мај да има извесност околу овој случај, пренесува спортскиот новинар Ден Рафаел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО