Погледнете ја одличната најава за големиот меч меѓу Фјури и Усик (ВИДЕО)

Љубителите на боксот со нетрпение ја очекуваат претстојната пресметка меѓу двајцата непоразени светски шампиони, Тајсон Фјури и Aлександaр Усик.

Најдобрите тешкаши од генерацијата во рингот ќе се сретнат на 18 мај во Саудиска Арабија во меч за обединување на појасите на кралската дивизија.

Во последните 25 години тоа ќе биде прв меч за апсолутeн шампион во тешка категорија, а последен кој го презеде тронот беше Ленокс Луис.

Во последната борба Усик ја одбрани титулата против Даниел Дубоа, додека Џипси Кинг го победи поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану со поделена одлука во неизвесен меч, во кој еднаш беше соборен.

Тие првично требаше да боксираат во февруари, но Фјури се здоби со расекотина над окото за време на спаринг, а борбата беше одложена за три месеци подоцна.

Остануваат уште десет дена до боксерскиот спектакл во Ријад наречен „Огнен ринг“, а ДАЗН објави одличен документарец кој го најавува еден од најголемите натпревари во последните неколку децении. Уживајте …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО