Михаела Мишовска е нашиот херој на Европското карате првенство – ќе се бори за златен медал

Најдобар настап на Михаела Мишовска на големите натпреварувања кој и обезбеди финале на Европското карате првенство за сениори во Задар, Хрватска. Во финалето Мишовска ќе се бори со Хрватката Ема Сгардели.

На патот до финалето Михаела забележа четири победи. Во полуфиналето славеше против каратистката од Грција Цилија 4-1.

Финалето е во сабота околу 18:33 часот.

Да потсетиме дека вчера Петар Заборски обезбеди борба за бронзата во сабота против Тијаго Дуарте од Португалија.

Преостануваат тимските натпревари во кати и борби.

На ЕП настапуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.

Резултати на Европско првенство:

Борби, жени
-50 кг
Михаела Мишовска – Ерминија Пефето (Италија) 7-7
Михаела Мишовска – Маријами Васадѕе (Грузија) 5-4
Михаела Мишовска – Корал Амос (Израел) 2-2
Полуфинале
Михаела Мишовска – Стилијани-Елени Цилија (Грција) 4-1
Финале
Михаела Мишовска – Ема Сгардели (Хрватска)

-55 кг
Симона Заборска – Елена Березовскаја (Молдавија) 3-0
Симона Заборска – Александра Џикиќ (Србија) 0-4

-61 кг
Вероника Костовска – Лаура Сиверт (Франција) 0-1

-68 кг
Ангела Мојсовска – Лине Зачо Кудсен (Данска) 2-0
Ангела Мојсовска – Влера Керими (Косово) 2-2

+68 кг
Ердона Зибери – Ниам Џунер (Шкотска) 0-6

Борби, мажи
-60 кг
Недим Шаќири – Давид Ткебучава (Грузија) 2-2
Недим Шаќири – Мартин Драбек (Чешка) 2-4

-67 кг
Емил Павлов – Арциом Крауцу (неутрален) 3-1
Емил Павлов – Хусеин Мамадли (Азербејцан) 1-7

-75 кг
Петар Заборски – Даниел Сантионеану (Романија) 2-0
Петар Заборски – Евангелос Серметакис (Грција) 2-1
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-0
Полуфинале
Петар Заборски – Иван Мартинац (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Заборски – Тијаго Дуарте (Португалија)

-84 кг
Петар Спасеновски – Фредерико Лопез Салас (Норвешка) 7-4
Петар Спасеновски – Тургут Хасанов (Азербејџан) 1-3

+84 кг
Данило Божовиќ – Матиос Стијану (Кипар) 3-3

Женски кумите тим
Македонија – Украина

Машки кумите тим
Македонија – Германија)

Кати, мажи
Кристијан Бајовски – Флоријан Цоехлинг (Австрија) 33,70–36,90

Ката тим (Бајовски, Спасовски, Стојаноски)
Македонија – Австрија

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО