Александар Усик: Борба со Мухамед Али? Ќе ме победи со поделена одлука!

Апсолутниот светски шампион во тешка категорија Aлександaр Усик откри со кој боксер би сакал најмногу да се соочи доколку има можност да избере противник од историјата на спортот. Украинската ѕвезда го посочи легендарниот Мухамед Али, дури предвидувајќи дека ќе изгуби таква борба.
„Мојата борба од соништата би била против Мухамед Али. Ќе биде тешка борба. 12 рунди, можеби дури и 15. Мухамед Али ќе победи со поделена одлука“, рече Усик во видео објавено на Јутјуб каналот Фајтхајп.
39-годишниот Украинец моментално е непоразен во професионалниот ринг. Во последната борба одржана на 24 мај Усик го нокаутира Рико Верховен во 11-тата рунда и го зголеми професионалниот скор на 25 победи, од кои 16 со нокаут, без ниту еден пораз.
И покрај импресивните успеси, Украинецот не го криеше своето огромно почитување кон Мухамед Али, кого многумина сè уште го сметаат за најголем боксер во историјата на спортот. Александар ги напушти титулите во тешка категорија и моментално се подготвува за последната борба во кариерата. Веројатно таа ќе биде против Дионтеј Вајлдер.



